Археолозите открија гигантски, 1.500 години стар камен споменик во близина на Каспиското Море во Казахстан. Оваа структура потсетува на Стоунхеџ, со индивидуални камени плочи надвор од земјата, но во многу поголем размер.
Споменикот зафаќа површина од 300 акри (1 акр има околу 0,4 хектари), приближно еднакво на 200 американски фудбалски игралишта- и истражувачите сугерираат дека би можело да е направен од страна на Хуните.
Секој од камењата во структурата е со различна големина. Некои од најмалите плочи се 4 метри во ширина и висина, додека пак некои се 34 метри широки, а 24 високи. Во оваа фаза, никој не е сосема сигурен зошто камените плочи се толку различни.
Истражувачите од Државниот историски и културен резерват во Казахстан и Академијата на науки во Русија се уште се обидуваат да откријат кој ја направил оваа прекрасна и огромна структура.
Проблемите на тимот започнале уште во 2010-тата година кога еден човек со детектор на метал забележал нешто чудно- мали парчиња и делови од сребрено седло во близина на една од плочите. На предната страна од седлото бил врежан релјеф како декорација, за кој научниците сметаат дека ќе им овозможи трага за тоа кој го поседувал.
Но, потоа тимот наишол на пречка во истрагата поради социоекономската ситуација во тој регион, па дури во 2014-тата година, 4 години по откривањето, тие успеале да добијат средства за истражување, со што откриле дека камената структура била многу поголема отколку што сметале и нашле повеќе делови од седлото од сребро.Но, кој ги направил и која е нивната цел?
Тимот се уште не е сигурен, но има некои претпоставки. Врз основа на ознаките кои се наоѓаат на седлото, тие сметаат дека камењата најверојатно се изградени од страна на номадско племе во времето на распаѓањето на Римската Империја.
Во таа област, имало само едно племе: Хуните, кои запленувале и ограбувале во Источна Европа и Централна Азија стотици години помеѓу првиот и седмиот век од нашата ера, иако тимот смета дека се потребни повеќе докази за да се направи дефинитивен заклучок.
Напредокот на Хуните предизвикал разни етнички групи во евроазиските степи да се преселат од своите претходни татковини, навестувајќи дека Хуните можеби принудиле друга група да си замине од регионот на нивното освојување, па овие артефакти да се остатоци од таа миграција – известува тимот.
Исто така, тие се обидуваат да дознаат и зошто првично биле создадени овие камења. Во близина на еден од камењата биле пронајдени остатоци од скелет, но тие не може да се датираат како досега, што значи не може да се каже дали овие камења можеби служеле како гробови.
Потребни се понатамошни истражувања и ископувања за да се разбере значењето на оваа структура, но истражувачите се надеваат дека ќе имаат подобра идеја до 2017 година. Со оглед на површината на земја која структурата ја покрива, регинот најверојатно ќе обезбеди нови докази во годините што следат.
Работата на тимот е објавена во „Ancient Civilisations from Scythia to Siberia“.