Пронајден последниот дел од теоријата на Ајнштајн

110 ракописи на Ајнштајн неодамна се откриени од страна на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим. Меѓу нив се наоѓаат и последните осум оригинални страници од неговата позната теорија на релативност. Сите се свечено изложени, по повод неговиот роденден на 14 март.

Ајнштајновиот ум има проникнато во најдлабоките тајни на вселената, а најголемата збирка – која брои околу 82 000 писма, ракописи, фотографии и други работи, поврзани со неговите ставови и неговиот живот, се чуваат на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.

Имено, седум страници од оваа теорија постоеле во вид на копија, а една недостасувала во целост. Сега се сите тука во оригинална форма.

Страницата која недостасувала е клучна за разбирање на Ајнштајновиот тек на мислите кога работел на статијата за Пруската академија на науките во 1930 година.

Од вкупно 110 страници, кои ги откупил Еврејскиот универзитет, 48 се однесуваат на математички пресметки, настанати во периодот од 1944-1948 година, 8 припаѓаат на статијата од 1930 година, а останатите се писма до неговиот син Ханс од 1935 година и пријателот и колега Михаеле Бесо.


Изложените писма сведочат за неговото бегство од нацистите, но и личните негови случувања за време на Втората светска војна и Холокаустот.

Хебрејскиот факултет, поголемиот дел од збирките за Ајнштајн му ги должи лично нему. Имено, Ајнштајн пред својата смрт на оваа институција и оставил голем дел од постоечките артефакти. Откупот на новите 110 страници од неговиот живот, универзитетот и ги должи на фамилијата Краун-Гудман.

Поддржете ја нашата работа: