Пронајден првиот фосилизиран мозок од диносаурус

Диносаурусите имаат голема репутација за своите ловечки способности, а многу помала кога станува збор за нивната интелигенција. Ова делумно се должи на фактот дека долго време се сметало дека многу видови имаат релативно мал мозок, бидејќи нивната глава била исполнета со заштитно ткиво кое оставало многу малку простор за сивата материја.

Но, неодамнешното откритие на првиот фосилизиран мозок може да ја промени таа слика.

Овој мозок е пронајден од страна на еден колекционер на плажа во Сасекс, Англија. Тој содржи мозочно ткиво како на големите тревојадни диносауруси слични на „Iguanodon“ – еден од првите видови на диносауруси кои се идентификувани.

Овој фосил е формиран од слоевите на талог кои постепено го пополнувале черепот (endocast). Вакви фосили се пронајдени и претходно но, она што е невообичаено за овој примерок е тоа што надворешно, милиметар или малку повеќе од мозочното ткиво биле минерализирани, што значи дека овој фосил задржал дел од структурата на оригиналното ткиво.

Оваа структура се истражувала во детали со помош на скенирачки електронски микроскоп (моќен микроскоп кој овозможува визуелизација на многу мали структури).

Ова овозможило откривање на менингите (мозочниците) на диносаурусот, тешката колагенска надворешна мембрана за заштита на главниот мозок, па дури и мали крвни садови. Постојат и навестувања за пронаоѓање и на дел од подлабокото ткиво кое може формирало дел од кората на мозокот-функционалниот дел на мозокот кој содржи неврони.

711a9b10398c4be99b1e66ff9aa4c2c4

Се смета дека ова ниво на зачувување е возможно бидејќи мозочното ткиво било кисело пред да биде минерализирано, најверојатно бидејќи диносаурусите умреле во многу кисело тело, со многу малку кислород, полно со вода.

Меките ткива биле сочувани од страна на фосфатите и минералите на железо, и скенирањата на компјутерската томографија покажуваат дека фосилите исто така содржат седимент, како и деловите од лисјата, гранките и коските.

Земено се’ заедно, овие набљудувања создаваат слика на еден диносаурус кој умира во добро вегетирана, мочурлива средина. Неговата глава најверојатно останала погребана во седиментот од реката или пак дното на езерото, и недостатокот на кислород му овозможил на мозочното ткиво да се минерализира пред да има можност да се распадне.

Иако не е изненадување тоа што диносаурусите имале мозоци, сепак, тоа што овие ткива може да се зачуваат толку многу милиони години е извонредно.

Сега кога знаеме дека делови од мозокот може да се зачувале на овој начин, научниците може да дојдат до понатамошни откритија со тоа што повторно ги гледаат музејските збирки во потрага по други примероци кои може да се проучуваат на сличен начин.

Оваа статија првично е објавена од „The Conversation“.

Поддржете ја нашата работа: