Пронајдена најстарата камена алатка во Турција

Истражувачите од „Ројал Холовеј“, Универзитетот во Лондон, заедно со меѓународен тим на истражувачи од Велика Британија, Турција и Холандија, во древните талози од реката Гедиз во северна Турција откриле кварцитни алатки изработени од луѓе, со што се добива нов увид за тоа кога и како се движеле старите народи од Африка и Азија.

Со помош на многу прецизна опрема одреден е периодот од кој датираат древните талози од меандрите на реката, со што е овозможено за прв пат да се одреди точната временска рамка за тоа кога луѓето ја населувале таа област.

Утврдено е дека луѓето биле присутни во таа област пред приближно 1 240 000 и 1 170 000 години.

Во областа Коџабаш во северна Турција,  во 2007 година биле откриени најстарите човечки фосили, но не можало со сигурност да се одреди од кога датираат тие, како и другите пронајдени камени орудија.

„Заедничкиот труд на геолозите и специјалистите за одредување на временскиот период, ни овозможи да поставиме точна хронологија на овие наоди, што фрла ново светло за тоа како се однесувале нашите далечни предци“, велат истражувачите.

Наодите од истражувањето се објавени во списанието „Quaternary Science Reviews“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt