Рибата од големите длабочини, карактеристична по тоа што нема лице, која е исчезната повеќе од еден век е повторно откриена додека научниците ги истражувале длабочините на источниот брег во Австралија.
Минатата недела на длабочина од четири километри, јужно од Сиднеј е пронајдена рибата долга 40 см. од страна на научниците од музејот Викторија и владината организација за индустриски истражувања (CSIRO).
Д-р. Тим О-Хара, лидерот на оваа експедиција, виш кустос на морските безрбетници во Музејот Викторија, вели дека ова е прв пат оваа риба да се види во водите околу Австралија уште од 1873та година, кога една беше извлечена од страна на британски брод во близина на Папуа Нова Гвинеја.
“Оваа мала риба изгледа фантастично, бидејќи устата и е сместена на долниот дел од телото кога ќе ја погледнете од страна, не можете да и ги видите очите, носот, жабрите, ниту устата”, вели О’Хара, и додава, “Таа изгледа како риба со два задни краеви.”
Првото истражување од северна Тасманија до централен Квинсленд започна на 15 мај. До сега се откриени спектакуларните биолумисцентната морска ѕвезда, светло црвениот шилест морски рак и гигантски морски пајаци со големина на една чинија.
Експертите велат дека третина од тие примероци се целосно нови видови, но ниту еден не е толку спектакуларен како рибата без лице.
”Еднакво неверојатна беше количината на ѓубре која научниците ја извлекоа. Има доста отпадоци, уште од времето на стариот параброд, кога јагленот се фрлаше преку палубата, а извлековме и ПВЦ цевки и многу лименки. Тоа е навистина ужасно. Бараме жив свет, а наоѓаме ѓубре,” вели О’Хара.