Пронајдени остатоци од римска населба под автопат во Велика Британија

При обновување на британскиот најстар пат се пронајдени остатоци од римска населба. Градот стар 2000 години го пронашле работници од северен Јоркшир при текот на реконструкцијата на А1 автопатот кој го поврзува Лондон со Единбург.

Поради пронајдените предмети, како што се разни брошеви и друг накит, археолозите сметаат дека во тој греад живееле побогатите жители. Населението се наоѓало во област голема 1,4 км, што одговара на големина на 13 фудбалски игралишта. Другата населба, пронајдена во северна Англија била значително помала. Тука населението живеело кратко време, не повеќе од 20 до 30 години.

Во градот се пронајдени бројни предмети од кои најмногу се истакнуваат фигурите од килибар кои прикажуваат луѓе облечени во тога, добро сочувани кожни обувки, голем број на клучеви со различна големина, работилница во која се изработувале монети од сребро, злато и бакар, прстен од сребро во облик на змија која се мота околу прст, перо, лента и мастило и големи парчиња материјал од кожа.

Овие ретки предмети, како што се прстенот и фигурата од килибар, докажуваат дека населението припаѓало на богатиот сталеж. Поради големиот број на пера и мастила се претпоставува дека голем дел од нив знаеле да цртаат и пишуваат, а пронајдените клучеви покажуваат дека сакале да го заштитат своето богатство. Градот бил важен административен центар и најверојатно ја испорачувал римската војска.

Експертите се воодушевени од фактот дека старите Римјани користеле ист пат и најнови технолошки откритија од тоа време за изградба на патишта. Ова откритие ќе им помогне да сфатат како Римјаните спроведувале воена експанзија во северна Англија и како се менувал животот на цивилите додека тие биле под нивна власт.

Поддржете ја нашата работа: