Протеин што го регулира нивото на шеќерот во крвта кај дијабетичари

 Кај дијабетесот,тип-2, клетките во телото не го апсорбираат шеќерот или гликозата од крвта која се создава од храната.

Овој тип дијабетес зема епидемиски размери ширум светот, откако храната богата со јаглени хидрати, особено брзата храна, стана лесно достапна. Прекумерната телесна тежина, како и намалената физичка активност се главните тригер-фактори за појава на болеста. Сегашниот третман на овој тип дијабетес има за цел да ја поттикне продукцијата на инсулин во организмот за да се намали нивото на гликоза во крвта. Но тие можат да предизвикаат и сериозни несакани ефекти.

Рон Еванс, експерт за ендокрини болести  и неговите колеги од Институтот за биолошки науки „Салк“, го користеле протеинот наречен „FGF-1“ во експерименти на глувци кои имале дијабетес, тип-2. Овој протеин, кој е дел од фамилијата т.н. фактори на раст, покажал изненадувачки резултати кај експерименталните животни.

Нивото на шеќер во крвта  било доведено во нормала и се одржало повеќе од два дена, само после една инјекција.

Ако „FGF-1“ биде одобрен за третман на дијабетесот ќе треба да се инјектира како инсулинот секој втор ден-вели Еванс. Тој и колегите работат на продолжување на дејството на овој протеин.

Клиничките испитувања, кои се безбедни, според Еванс, би требало да започнат за 12 до 18 месеци. Наодите од истражувањето се објавени во „Nature journal“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt