„Раката функционира толку добро“, изјави Магнус за „Newsweek“, “што повеќе ја чувствувам како мојата вистинска рака, отколку како алатка или машина“.
Магнус и неговата рака се предмет на една нова студија, објавена во средата во списанието „Science Translational Medicine“, од истражувачите на Универзитетот за технологија во Гетебург.
Тимот тестирал долгорочна издржливост на протетичка рака која е прицврстена на коските, мускулите и нервите, што е спротивно на традиционалната постапка со користење на „протези“ за да се поврзе протетиката со делот од телото и површински електроди за да ги контролираат.
Новата рака на Магнус била изградена со користење на осеоинтегративни протези за рехабилитација на ампутации (OPRA) – при што директно во коските се вградува помагало и служи како основа за протетскиот уред. Исто така, вградени се нервномускулни електроди со цел да се овозможи подобра контрола на раката под широк спектар на услови на животната средина.
“Идејата за користење на биолошкиот контролен систем, односно на нервите и мускулите за контролирање на протетски уред постои долго време”, вели тимот. Дури и ако ја изгубите ногата, објаснуваат тие, нервите се уште постојат и може да примаат сигнали. Но, ова е првата успешна имплементација на нервна контрола со користењето на вградени електроди кои пациентот ги користи по дома.
Претходните протетички помагала користат „протези“ за да се поврзат со телото и електроди поставени на површината на кожата, за што има одредени ограничувања. Притисокот врз „протезите“ предизвикува рани, плускавци и болка, како и ограничен опсег на движење. Површинските електроди не може да функционираат во екстремен студ или топлина. Вградените електроди му овозможуваат на пациентот контрола врз протетичката рака со помалку напор и повеќе прецизност.
„Новата рака ми го промени животот“, вели Магнус.
„Ова не е само истражувачки проект“, заклучуваат научниците. „На овој начин обезбедуваме решение за пациентите, им даваме можност за поголема функционалност и им го подобруваме животот“.