Прв доказ за стабилен карбин – најсилниот материјал на светот

Елементарниот јаглерод е исклучително разновиден и научниците веќе долго време се во можност да создаваат нови јаглеродни алтропи кои се користат како супер издржливи и мултуфункционални материјали, како што е графенот.

Единствената форма на јаглерод која научниците се’ уште не можат да ја синтетизираат, иако веќе повеќе од 50 години ги проучуваат нејзините својства, е карбинот. Причината е тоа што карбинот е исклучително нестабилен.

Оваа едно-димензионална јаглеродна низа е откриена во 1885 година од страна на Адолф фон Бајер, кој изјавил дека неговата висока реактивност секогаш ќе доведува до негово непосредно уништување.

Се смета дека механичките својства на карбинот ги надминуваат својствата на сите познати материјали. Се претпоставува дека е двојно поцврст од графенот, 40 пати поцврст од дијамантот и има поголема издржливост на истегнување од кој било друг јаглероден материјал.

Со овие својства, не е изненадувачки тоа што научниците се обидуваат да го стабилизираат.

Сега, еден меѓународен тим на истражувачи пронајде начин за негово масовно производство. Тие земале два слоја на графен, ги притиснале и ги завиткале во тенки јаглеродни наноцевки со двојни ѕидови. Цевките потоа биле завиткани околу атомите, со што се спречило непосредното уништување на карбинот. Покрај тоа, тие го срушиле рекордот за бројот на атоми во еден континуиран синџир (кој досега изнесуваше 100, а тие успеале да достигнат неверојатни 6.400 атоми, а синџирот се’ уште да е стабилен).

unravelingatСо зголемувањето на должината, се зголемуваат и електричните својства на карбинот. Ова значи дека научниците ќе можат поефикасно да експериментираат со овој материјал.

Истражувањето е објавено во „Nature Materials“.

Поддржете ја нашата работа: