Прва симултана контрола на модуларна протетика

Бауг е дел од истражувачките напори финансирани од лабораторијата за применета физика (APL) за да се процени  употребливоста на модуларниот протетички екстремитет (MPL) развиен во текот на изминатата деценија, како дел од револуционерната програма за протетика. Пред апликацијата на екстремитетите, Бауг е подложен на операција наречена таргетирана реинервација на мускулите.

„Тоа е релативно нова хируршка процедура која  ги реактивира нервите кои некогаш ги контролирале изгубените екстремитети. Со прераспределување  на постоечките нерви, можеме да им овозможиме на луѓето да ги контролираат своите протетски помагала  само со размислување за акцијата што сакаат да ја извршат“, објаснува д-р Алберт Ши, трауматолог хирург. 

Се користи модел за препознавање на алгоритми  со цел да се идентификува контракцијата на одредени мускули,  меѓусебната комуникација и нивната амплитуда и фрекфенција. Потоа информациите се преведуваат во движења.

По операцијата, Бауг е подготвен за новите екстремитети. Тимот ги следел движењата преку софтверот за виртуелна интеграција на животната средина,  виртуелна верзија на модуларните протетички екстремитети.

Бауг успеал да помести неколку предмети вклучувајќи празна чаша од пониска кон повисока полица, задача која бара од него да ја координира контролата на осум одделни движења.

Овие активности, иако делуваат едноставно, не се можни со моментално достапните протези. Тој беше во можност да го стори тоа со само 10 -дневен тренинг, што укажува на интуитивната природа на контролата.

Уште една пресвртница со контролата на протетичките екстремитети беше неговата способност за контрола на комбинирани  движења на двете раце во исто време.

Следниот чекор е да се види како Бауг ги интегрира екстремитетите во секојдневниот живот.

Поддржете ја нашата работа: