Првата фарма што ќе одгледува зеленчук во пустина

Ова е новиот футуристики изглед на новите оранжерии што треба да произведуваат 17.000 тони домати годишно во пустината во Јужна Австралија. Ова претставува првиот земјоделски систем од ваков вид во светот кој не користи почва, пестициди, фосилни горива нити подземна вода. Само сончева светлина и морска вода. Со оглед на тоа дека побарувачката за свежа вода и енергија континуирано расте, ова би можело да биде иднината на земјоделството.

Системот е дело на интернационален тим од научници, кои  шест години работеле на усовршување на дизајнот. Првата пилот оранжерија била изградена во 2010 година, додека објектот со комерцијални размери кој почнале да го градат во 2014 официјално беше отворен оваа недела.

Како функционира?

Морската вода со цевки се носи два километри од заливот Спенсер до фармата „Sundrop“ – со површина од 20 хектари, сместена во сушниот регион Порт Аугуста. Десалинизацијата на водата ја врши соларна фабрика и создава свежа вода со која се наводнуваат 180.000 доматни растенија во внатрешноста на стаклената градина.

Високите летни температури и сушата го прават овој регион несоодветен за традиционалното земјоделство, но стаклената градина е обложена со картони натопени во морска вода, што ги лади растенијата и ги одржува здрави. Во зима, оранжеријата се одржува топла со помош на соларната енергија.

Нема потреба од пестициди, бидејќи морската вода го чисти и стерилизира воздухот, додека растенијата се одгледуваат во кокосови лушпи, наместо во почва.

Соларната енергија се генерира преку 23.000 огледала кои ја рефлектираат сончевата светлина кон 115-метарска кула приемник. Во сончев ден може да се продуцираат и до 39 мегавати енергија, што е доволно за фабриката за десалинизација и за енергетските потреби на стаклената градина.

Доматите произведени во оваа стаклена градина веќе се продаваат во супермаркете во Австралија.

Заради можниот недостаток од соларна енергија во зима, оранжеријата мора да е приклучена на електричната мрежа, како подршка, но со понатамошното усовршување на дизајнот ќе се елиминара потребата од фосилни горива, вели директорот на „Sundrop“, Филип Саумвебер.

Инфраструктурата за овие оранжерии на морска вода чини 200 милиони долари , што ги прави многу скапи во однос на традиционалното земјоделство , но се исплатливи на долг рок. Класичните оранжери  се многу поскапи ако се водат на годишна база , заради цената на фосилните горива,  вели Саумвебер.

„Sundrop“ планира да изгради слични одржливи оранжерии и во Португалија и САД и уште една во Австралија. Други компании, исто така тестираат пробни оранжерии на морска вода во пустинските предели на Оман, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

„Овие затврени системи за производство се многу добри. Верувам дека системите што користат обновливи извори на енергија ќе стануваат сѐ подобри и подобри и ќе се зголемуват во иднина, што уште повеќе ќе придонесе за обезбедување на дел од нашата храна“, вели професорот Роберт Парк од Универзитетот во Сиднеј.

Меѓутоа, Пол Кристиансен од Универзитет „New England“, во Австралија ја оспорува потребата од вакви фарми во пустина, бидејќи постојат идеални земјоделски услови во другите делови од Австралија. Сепак, ваквата технологија може да биде корисна во иднина, доколку климатските промени предизвикаат суша во плодните предели. За такви случаи добро е да се има резервен план, вели Кристиансен.

Поддржете ја нашата работа: