Првиот онлајн тест за дијагностицирање на аутизам

За да се препознае аутизмот кај возрасните, првиот тест за само-оценување, исто така трага по повторувања, но соодветни за возрасните. Одржување на премногу строга дневна рутина, на пример, ќе биде возрасната верзија на аутистичен симптом. Што е поважно, овој нов инструмент за самооценување создаден на Универзитетот Кардиф не дијагностицира аутизам, тоа е едноставно корисна алатка.

Нарушувањата од аутистичниот спектар се јавуваат кај повеќе од 1 на 100 лица. На највисоко функционалниот крај на спектарот се наоѓа Аспергеровиот синдром. Карактеристики на ова нарушување се проблеми со социјалните интеракции, намален обем на интереси и повторливо однесување. Во споредба со другите форми на аутизам, Аспергер не влијае на когнитивниот развој толку многу. Поради тоа, некои од лицата се веќе возрасни пред да бидат дијагностицирани со оваа состојба.

Се поголем број на луѓе се дијагностицирани со оваа блага форма на аутизам и свесни за овој факт, д-р Сју Ликам, директор на Центарот за истражување на аутизам во Велс и нејзините колеги почувствувале недостаток на одредена алатка. Мерките на повторувачко однесување кои возрасните можат сами да ги пополнат/решат дава поцелосна слика за начинот на кој ваквите однесувања влијаат врз нив. Ова ќе им помогне и на лекарите при дијагностицирање.

Сепак, постојат неколку недостатоци. Прво, сите возрасни имаат рутини и навики, па кај огромното мнозинство, овие дневни повторувања не се сигнал за проблемот. Второ, повторувачките однесувања се симптоми на Паркинсонова болест, опсесивно-компулсивно нарушување и Туретов синдром. Било кој нов тест мора да ги идентификува и разликува аутистичните однесувања од останатите нарушувања или болести.

При развивањето на тест за само-проценка на возрасни, истражувачите употребиле еден постар тест „Repetitive Behaviors Questionnaire-2“ (RBQ-2), наменет за употреба од страна на родители на многу мали деца. По темелна анализа на RBQ-2, тимот ја преформулирал секоја ставка во соодветна возрасна верзија.

И така, создаден е RBQ-2А, прашалник со 20 тврдења. По пробното тестирање на лица со и без аутизам, RBQ-2А се покажал како релијабилна и валидна мерка за аутизам. Тестот покажа дека возрасните без аутизам се т.н. љубители на рутина и повторување, но сепак, оние со аутизам постојано постигнувале повисоки резултати (статистички значајни).

Тестот не може сам по себе да се користи за дијагностицирање на аутизам, бидејќи повторливите однесувања се само еден критериум за дијагноза, меѓутоа е добар за почеток. Во тек е понатамошно истражување и собирање на податоци. Во следната фаза, пред имплементација низ клиниките во Обединетото Кралство ќе бидат тестирани лица од сите возрасти со аутизам.

Во меѓувреме, доколку сте постари од 18 години и сакате да учествувате во истражувањето, кликнете тука.

Поддржете ја нашата работа: