Првиот руски 3Д принтер за метал

Руските научници го претставија домашниот 3Д принтер, кој може да принта широк спектар на производи – од накит, па до тешки индустриски делови од титаниум.

Ова го соопшти Алексеј Фефелов, директор на Регионалниот центар за инженерство на Сојузниот Универзитет Урал (УРФУ) за „ТАСС“ во вторникот (12 јули), откако принтерот беше претставен на Меѓународниот индустриски саем „Innprom 2016“.

Овој 3Д принтер работи со метална прашина од бакар, алуминиум, железо и титаниум и ќе чини 30 милиони рубљи –што е два пати поевтино од други вакви машини на пазарот.

Според конструкторите, стапката на топење на овој 3Д принтер е до 2 метри во секунда. „Ова е брзината со која се движи ласерскиот зрак. Успеавме да постигнеме максимална температура на топење, поголема од 3 илјади степени“- вели Петар Москин, шеф во одделот за развој на Регионалниот центар за инженерство.

Според научниците, 75 проценти од деловите се од домашно производство. Од увоз се оптичките делови и пневматиката. Но, ласерот е уникатен – развиен од Фриазино (Московски регион). „Мозокот“ на принтерот – софтверот, е дело на УРФУ. Очекуваме дека следната година 90 проценти од деловите ќе бидат од домашно производство“- вели Москин.

Во моментов научниците работат на развивање на 14 различни делови од домашно производство.

Доколку се обезбедат средства, масовното производство на овој 3Д принтер би можело да започне за една година – во лето 2017 година, додава Фефелов.

Поддржете ја нашата работа: