Нешто повеќе за нарцисоидноста

Постојат луѓе кои веруваат дека се попаметни, поубави и поважни од другите луѓе, па затоа треба да имаат и посебен третман. Ваквата комбинација на карактеристики укажува дека кај овие лица потенцијално се работи за психичко растројство наречено нарцисоидност.

Постојат два вида на нарцисоидност – претенциозен и вулнерабилен. Лицата со претенциозен нарцизам се препознаваат по екстровертноста, потребата да доминираат и секогаш да бидат центар на вниманието. Од друга страна, вулнерабилниот нарцизам се одликува со тоа што лицата се тивки, резервирани и се чувствуваат дека се главни. Во новото видео на „TedEd“ се објаснува разликата помеѓу овие два типа на нарцизам како и начините на третирање на состојбата.

Нарцисоидното психичко растројство се категоризира како ментална болест која предизвикува луѓето претерано да се преокупирани со самите себе, со чувсто на  сопствената надмоќ, суета и престиж во однос на другите околу нив. Претенциозниот нарцизам може да биде предизвикан од претераното фалење на достигнувањата и способностите на децата од страна на родителите. Кај вулнерабилниот нарцизам состојбата е обратна; се раѓа од механизмите на самоодбрана кои се користат за да се спречи повреда на емоциите, и често е резулатат на злоупотреби во детството.  

Околу 6,2 проценти од возрасните страдаат од ова ментално растројство. Децата се исклучени од оваа дијагноза, бидејќи егоцентризмот е дел од нормалниот развој во детството додека тие учат како да се вклопат во светот околу нив.

Погледнете го видеото за да дознаете повеќе.

enauka.mk
9,269наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,191денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.