Психологијата зад морничавите кловнови

Surprised Birthday Clown

Ликовите со налик на кловнови постојат илјадници години. Историски гледано тие биле поим за сатира и измејување на моќните луѓе. Тие датираат барем од древниот Египет, а англискиот збор „кловн“ за прв пат се појавил некаде во 1500-тите години кога Шекспир го искористил терминот за да ги опише будалестите ликови во неколку од своите драми.

Денеска познатите кловнови од циркусот – со своите обоени лица, перики и преголема облека- се појавиле во 19-тиот век и многу малку се промениле во текот на 150 години.

Ниту пак злобните кловнови не се нешто ново. Претходно оваа година, писателот Бенџамин Редфорд, ја објави книгата „Bad Clowns “ во која тој ја следи историската еволуција на кловновите во непредвидливи и заканувачки суштества.

Злобниот кловн како личност навистина се појавил кога бил уапсен серискиот убиец Џон Вејн Гаси. Тој се појавувал како кловнот по име Пого на детски родендени во 1970-тите и редовно сликал и слики со кловнови. Кога властите откриле дека тој убил најмалку 33 луѓе, поврзаноста помеѓу кловновите и опасното психопатско однесување засекогаш се врежала во потсвеста на Американците.

Потоа доаѓа Холивуд кој ја користи нашата длабока амбивалентност кон кловновите. „Pennywise“ – кловнот од филмот на Стивен Кинг од 1990-тата, можеби е најстрашниот филмски кловн. Тука се исто така кловновите убијци од „Outer Space“ во 1988, страшната кукла-кловн под кревет во „Poltergeist“ во 1982, зомби-кловнот во „Zombieland“ во 2009, и најнеодамнешниот кловн убиец во „All Hallow’s Eve“ од 2013-тата година.

Природата на морничавоста

wpid-clown-pennywise

Психологијата, сепак, може да помогне во објаснувањето на тоа зошто кловновите – кои треба да се симбол за вицови и шеги – ни предизвикуваат морници.

Во едно истражување биле регрутирани 1.341 волонтер на возраст помеѓу 18 и 77 години за да пополнат онлајн анкета. Во првиот дел требало да одберат неколку однесувања кои ги карактеризираат „морничави особи“ како што е непријатниот контакт во очи или видливи тетоважи.

Во вториот дел требало да рангираат по морничавост 21 различно занимање, и во третиот дел да наведат две хобија кои ги сметаат за морничави. Во последниот дел требало да истакнат колку се согласуваат со 15 изјави во врска со природата на морничавите луѓе.

Резултатите покажале дека луѓето повеќе ги доживуваат морничави мажите отколку жените. Необичните физички карактеристики како испакнати очи, чудна насмевка и невообичаено долги прсти предизвикувале најголема морничавост, додека на врвот на листата на морничави занимања се нашле токму кловновите.

Овие резултати се во согласност со теоријата дека морничавоста е одговор на двосмисленоста на заканата, кога сме соочени со несигурност во врска со некоја закана. На пример, при разговор со некоја личност од која ќе ни полазат морници – ќе се смета за навредливо и чудно доколку избегаме на средина на разговор, но во исто време може и да биде опасно да ја игнорираме нашата интуиција и лицето всушност да претставува закана.

Зошто кловновите ни предизвикуваат морничавост?

20160313001238191592-minihighres

Рами Надер е канадски психолог кој ја проучува „коулрофобијата“– ирационалниот страв од кловнови. Тој верува дека фобиите потекнуваат од фактот дека кловновите носат шминка и маски кои ги кријат нивните вистински идентитети и чувства.

Се чини дека тие се среќни, но дали се навистина? Тие исто така се и палави, со што луѓето мора постојано да внимаваат. Луѓето кои се во интеракција со еден кловн никогаш не знаат дачи ќе добијат торта во лицето или ќе бидат жртва на некоја нивна понижувачка шега. Исто така, и неовобичаените карактеристики на кловнот (периката, големиот црвен нос и чудната облека) само ја зголемуваат несигурноста за тоа што кловнот би можел да направи како следно.

Постојат и многу други видови на луѓе од кои ќе ни полазат морничи, но сепак тие се занемаруваат бидејќи автоматски најголемото ниво на морничавост се припишува на кловновите.

Поддржете ја нашата работа: