Психологијата зад подарувањето

Меѓутоа, најубавото време од годината бара огромно планирање. Да се биде во тек со актуелните трендови и постојаното менување на листата на желби не е едноставна задача. Што е мотивот за вложување на сите овие напори?

Постојат различни ментални и емоционални придобивки кои ги носи подарувањето. Една од главните причини за подарување е покажувањето грижа. „Тоа е начин на искажување на чувствата, зајакнување на благодарноста и меѓусебно признание”, пишува  Дарис Брит во една статија под наслов „Психологијата зад подарувањето“. Одвојувањето на време за да изберете подарок и  да го видите изразот на лицето на примачот при отпакувањето обезбедува психолошко зајакнување. Исто така, создава подлабока смисла на поврзаност помеѓу давателот и примачот. Алтруистичното давање, давањето без притоа да се очекува нешто за возврат, се покажа дека го подобрува психичкото здравје.

Друга емоционална корист на подарувањето е намалувањето на вината. Со глобализацијата и со практичноста на онлајн шопингот, ние лесно може да испратиме подароци на нашите најблиски на далечина. Овој гест придонесува да се чувствуваме подобро за нашето отсуство и ја зајакнува емотивната врска.

Подаруваме со најдобри намери, но што е она што може да тргне наопаку?

Една од причините е влијанието на нашите сопствени преференции врз одбирањето на подарокот, односно тоа што ние имаме тенденција да го купуваме она што би сакале да го добиеме. На пр. знаеме колку би биле возбудени ако добиеме некој уред или јакна, па сакаме другите да се чувствуваат исто. Сепак, она што нè прави нас среќни, може да биде нелагодно за примачот. Еден пример за тоа е размената на подароци меѓу партнерите. Мажите имаат тенденција да купуваат повеќе практични подароци и се свесни за цената, додека жените се повеќе склони да купат подароци со сентиментална вредност.

Како и да е, гестот вреди повеќе отколку самиот подарок. Празници се, насмејте се!

Поддржете ја нашата работа: