Птица стара 90 милиони години ќе ја предвиди иднината на планетата

Група геолози од Универзитетот во Рочестер откриле нов вид на птица, стара околу 90 милиони години. Откритието ја става птицата на местото меѓу најстарите случаи на евидентирани птици досега, пронајдени на Северната хемисфера.

Коските на птицата, наречена „Tingmiatornis arctica“, покажуваат дека таа најверојатно личи на мешавина помеѓу галеб и корморан, веројатно со слична големина на крилјата со распон од над еден метар.

Името на родот „Tingmiatornis“ во превод значи „оние кои летаат” од зборот „Tingmiat” на јазикот Инуктитут, кој се зборува во источниот и централниот Канадски Арктик. „Tingmiatornis arctica“, исто така имаат остри заби и карактеристики што им овозможуваат да нуркаат.

Заедно со другите фосили од претходните експедиции, новата птица помага да се создаде појасна слика на екосистемот кој веројатно постоел на Канадскиот Арктик пред околу 93,9 до 89,8 милиони години. Исто така може да обезбеди дополнителни докази за интензитетот на глобалното затоплување, за кое научниците сметаат дека започнало во текот на тоа време, па дури и да ни помогне да ги предвидиме климатските промени во иднина.

newlyfoundbirdbody1Како климатската евиденција ќе ни помогне да се подготвиме за во иднина?

Градењето на историски записи за климата им помага на научниците да утврдат како различните видови и екосистеми се под влијание на климатските промени. Начинот на кој различните видови се распределени низ земјите, исто така може да го предвиди влијанието на климата.

„Пред да го пронајдеме нашиот фосил, луѓето укажуваа на топлата клима, но се’ уште секоја година има сезонски мраз”, вели Џон Тардуно, претседател на одделот за Земја и еколошки науки при Универзитетот во Рочестер, и водечки научник на експедицијата.

newlyfoundbird2Преку разгледување на фосилот и анализа на седиментација, тимот утврди дека видот „Tingmiatornis arctica“ би живеел во вулканска животна средина, каде би бил зафатен со јадење на разни видови влекачи, што е различна слика од онаа која би ја нашле на Арктичките температури.

Како би изгледал светот без мраз на Арктикот?

„Фосилите ни покажуваат слика за тоа како може светот да изгледа без мраз на Арктикот”, вели Ричард Боно, друг член на тимот кој е на докторски студии при Универзитетот во Рочестер.

newlyfoundbird3
„Tingmiatornis arctica“ била пронајдена над полиња со лава, формирани од низа вулкански ерупции. Кога вулканот исфрла јаглерод диоксид во атмосферата, предизвикува ефект на стаклена градина, кој создава богата флора и фауна и на птиците како овој вид им овозможува да напредуваат.

Трагите кои ги остава животната средина се најголеми индикатори за тимот кој во иднина треба да објасни зошто остатоците од птицата се најдени, токму на овие локации.

Поддржете ја нашата работа: