Ракчињата кои ја претвораат микропластиката во нанопластика

Научниците идентификувале нешто досега непознато. Ракчињата од Антарктикот, кои инаку се главна исхрана за морските цицачи, во нивниот дигестивен систем ја претвораат микропластиката во нанопластика. Ова откритие претставува засега непозната закана за животната средина.

Накратко, ова се резултати од студијата, спроведена од страна на научниот тим од Универзитетот Грифит, предводена од Аманда Досон. Објавени се неодамна во списанието Nature Communications.

Истражувачкиот тим со своето истражување, за прв пат ја открива способноста на ракчињата, физички да предизвикаат промена на микропластиката која ќе ја проголтаат и ќе ја сварат.

Во микропластика спаѓаат парчиња од пластика кои се помали од пет милиметри и кои штетат на морскиот свет. Антарктичките ракови, се важни за околината бидејќи претставуваатхрана за многу цицачи. Овие суштества се инаку планктони кои личат на ракови, или зоопланктон, а поради биолуминисценцијата тие се нарекуваат светлечки ракови.

Научниците предупредуваат дека микропластиката во океаните претставува огромен ризик за големите животни како што се китови, ајкули и други кои ја голтаат јадејќи ги споменатите ракови. Студијата покажала дека овие суштества всушност ги мелат микрочестичките од полиетилен во наночестици.

Проф. Бенгтон Неш од Истоимениот универзитет тврди дека ова истражување ја открива досега неоткриената динамика и опасност од загадувањето со пластика. Тој појаснува дека биолошкото разградување на микропластиката во нанопластика најверојатно е распространето во внатрешноста на повеќе екосистеми.

Голем број претходни студии од областа на екологијата покажаа одредена егзистенцијална закана, што е еквивалентно на милиони тони пластичен отпад, кој секоја година завршува во океаните.

Поддржете ја нашата работа: