Ракот на дојка “хибернира”, а потоа се враќа во смртоносен облик

Американските научници забележале механизам кој на клетките на ракот на дојка им овозможува своевидна состојба на мирување во оддалечените органи во телото, за после повеќегодишна хибернација повторно да се појави во смртоносен метастатски облик.

Благодарение на експериментите направени со човечки клетки на лабораториски глувци, установиле дека со онеспособување на тој механизам со помош на лекови или генска манипулација, можат да ја спречат способноста на клетките да се шират.

Откритието ветува многу кога станува збор за борбата против рак на дојка, сметаат американските научници.

Потсетуваат дека околу 90% од смртните случаеви предизвикани од рак на дојке е последица од метастази во 4ти стадиум кој обично се шири на околните органи и како таков не е излечлив во целост, туку станува облик на хронично заболување.

“Резултатите од нашето истражување покажуваат дека клетките на рак на дојка успеваат да преживеат долго време кај пациентите користејќи автофагија, основен механизам за разградување на клеточните компоненти, поточно непотребни клеточни делови со помош на лизозомите”, објаснува Кент Хантер, научник од Државниот институт за рак во Мериленд.

Со автофагија, софистицираниот одбрамбен имунолошки механизм моѓат да се: препознаат, уловат и уништат внатрешните патогени организми; испорачаат антибактериски молекули до патогените кои се сокриваат на недостапни делови од клетките; може да учествуваат во имунолошките процеси покрај детекција на присутност на стари патогени организми.

Автофагијата со тоа го зајакнува механизмот за убивање на патогените и внимава на можните инфекции. Главниот ген за автофагија недостасува во 40 до 75% од случаевите.

Научникот објаснува дека автофагијата се активира во моментот кога било која клетка – здрава или канцерогена, го активира механизмот за преживување во стресна или сиромашна средина. Тоа им овозможува на клетките да прејдат во своевидна состојба на мирување.

Ова откритие помага да се објасни зошто и поради што со актуелните методи на лекување често лекувањето е неуспешно.

Хантер истакнува дека сеуште не се знае дали резултатите од неговата студија можат да се применат и за друг вид на карцином.

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Nature Communications.

 

Поддржете ја нашата работа: