Расте бројот на магистри, специјалисти и доктори на науки во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во изминатата 2015 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 2.440 лица од кои 2.202 или 90,2% се магистри и 238 или 9,8% се специјалисти.

Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2014 годинa, е зголемен за 11,2%.

Учеството на жените магистри во вкупниот број на лица кои стекнале научен степен магистер на науки, во 2015 година изнесува 58,6%.

Во 2015 година, најголем број од магистерските трудови, 1.542 или 70,0%, се од областа на општествените науки, 16,0% се од областа на техничко-технолошките науки, а останатите се од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и медицинските науки.

Целосниот извештај може да го преземете на следниов линк.

Поддржете ја нашата работа: