Растението што свети сино во темница

Истражувачите конечно открија зошто бегонијата-паун (Begonia pavonina) – растение кое е застапено во дождовните шуми на Малезија- свети сино. Всушност, тоа користи квантна механика за да ја забави светлината и да ја направи фотосинтезата поефективна во темнината.

Па, синиот сјај на бегонијата е дел од еволутивниот трик што му овозможува на растението да искористи повеќе хемиска енергија преку фотосинтезата на црвено-зелената светлина која продира до затемнетото шумско дно, каде што расте.

„Тоа е всушност брилијантно. Растенијата треба да се справат со сите пречки и не можат да избегаат. Овде гледаме доказ за едно растение кое всушност еволуирало за физички да манипулира со малото количество на светлина што ја добива. Ова е доста неверојатно и едно изненадувачко откритие“- изјавува лидерот на тимот-Хедер Витни, од Универзитетот од Бристол во Велика Британија.

Витни и неговиот тим дошле до ова откритие со истражување на хибрид од ова растение во лабораторија, бидејќи ваквиот див вид на растение е многу деликатно да се отстрани од својот дом во дождовната шума.

Ова растение предизвика голем интерес бидејќи неговите листови се сини наместо зелени, што укажува на тоа дека и неговите хлоропласти- структурата во листовите на растението каде што се одвива фотосинтезата – се исто така сини. Но, досега, никој не успеал да открие зошто е тоа така.

Со користење на електронски микроскоп , истражувачите беа во можност да ги испитаат клеточните структури во внатрешноста на листовите на бегонијата-поконкретно, хлоропластот на растението.

Во внатрeшноста на овие „капсули со хлоропласт“  тимот забележал дека тилакоидите – мали структури со форма на вреќа кои реагираат на светлината и ја произведуваат реакцијата на фотосинтеза- биле наредени на многу поструктуриран начин отколку кај другите растенија. Овие мали структури се чини дека се наредени по некоја шема како на некој планиран град, за разлика од другите растенија каде што се само распрскани без никаков ред.

cwko9kswcaawkwz

Најинтересниот аспект на овој распоред на структурата е тоа што е наредена на таков начин што може да ја успорува светлината која навлегува во клетките на растението, создавајќи го ефектот наречен „бавна светлина“. Овој процес создава двојно повеќе фотосинтетичка енергија, бидејќи растението веќе ја абсорбира црвено-зелена светлина, па може да го забави патувањето на таа светлина за да добие повеќе хемиска енергија од него.

Со ова се зголемува фотосинтезата за 10 проценти. Тоа значи, дека од истата количина на светлина, овие растенија се во состојба да добијат 10 проценти повеќе хемиска енергија.

Ова истражување го прошири гледиштето за тоа дека овој вид на феномен можеби е и распространет повеќе отколку што знаеме. Можеби не ги забележуваме другите растенија кои го прават истото бидејќи немаат некоја чудна боја.

Истражувањето на тимот е објавено во „Nature Plants“.

Поддржете ја нашата работа: