Разбирање на емоциите на животните

Досега, истражувањата на животните беа насочени кон негативните емоции и стресот, предизвикувајќи им потешкотии на оние кои работат со нив да препознаат кога тие се наоѓаат во поделикатна позитивна состојба.

За таа цел, д-р Алан Мекелигот и д-р Елоди Брифер од „QMUL“, го направиле првото истражување на кози, објавено во весникот „Animal Behaviour“, за да ја добијат целосната слика на психолошките и вокалните индикатори на емоции и да разберат како козите ги изразуваат чувствата за време на благо позитивни и негативни ситуации.

Откриле дека козите ги поместуваат ушите нанапред, ја држат опашката нагоре и произведуваат постабилни звуци (со постабилна фреквенција) кога се наоѓаат во позитивна состојба.

„Релативно е лесно да се идентификуваат негативните емоции кај животните, но многу малку се знае за начинот на кој тие ги изразуваат позитивните чувства. Деликаните наговестувања од козите, како што се малите промени во нивните извикувања или положбата на ушите може да ни покажат дали средината е добра за нив“, вели д-р Мекелигот.

Ова истражување може да предизвика промени во начинот на кој се згрижуваат животните, бидејќи луѓето ќе можат да ја прилагодат средината на потребите на животните и да се осигураат дека тие ја имаат најдобрата нега и благосостојба.

Комплетното истражување може да го погледнете на следниот линк.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt