Епилептичниот напад и другите состојби при кои се јавуваат грчеви на телото може да изгледаат многу слично, па затоа често пати може да се помешаат. Но, меѓу овие состојби постојат клучни разлики, а нивното разбирање може да биде од животна важност за оние кои се засегнати.
Како се разликуваат?
Главната разлика е тоа што епилепсијата претставува медицинска состојба, додека грчевите се поединечна изолирана појава. Иако грчевите се главната карактеристика на епилепсијата, сепак тоа не значи дека секој кој има грчење на телото пати од епилепсија, објаснува „WebMD“.
При грчевите настанува мало нарушување во интеракцијата помеѓу невроните што може да предизвика спазми и треперења. Наглите електрични празнења во мозокот може да предизвикаат промени во однесувањето и свеста, пишува „Hopkins Medicine“.
Според „WebMD“, грчевите кои не спаѓаат во епилептичен напад не се поврзани со абнормални електрични активности во мозокот и може да бидат предизвикани од психолошки состојби или стрес. Сепак тие многу наликуваат на епилептични напади што ја отежнува дијагозата.
Грчевите кои не се поврзани со епилепсија се нарекуваат провоцирани напади и може да се јават како последица на траума, ниско ниво на шеќер во крвта, како и употреба на дроги.
Епилепсијата е медицинска остојба која се јавува како резултат на абномални електрични сигнали во мозокот кои може да предизвикаат грчеви.
Што да се прави во овие случаи?
Ако се најдете во близина на некој што има напад, важно е да преземете мерки лицето да биде безбедно додека не дојде медицинска екипа.
Според Американската Академија за неврологија, би требало да ги поместите деловите од мебелот или други предмети во неговата близина, за да се спречи повреда во тек на нападот. Обидете се да го завртите на страна за да се избегне дишните патишта да се блокираат од плунка или повраќаница, но не се обидувајте да ги задржите или притискате долу на земјата бидејќи на тој начин може да дојде дури и до поголеми повреди.
И покрај популарното мислење, најдобро е да не му ставате ништо помеѓу забите, затоа што може да дојде до кршење на некој заб или може да ве угриза. Сепак, доколку лицето има потешкотии со дишењето и откако нападот ќе заврши, може со прстите нежно да ја отстраните содржината од устата за да не се угуши.
Епилепсијата може да се контролира со лекови и да се редуцра појавата на напади, а во некои случаи потребна е и хируршка интервенција.