Развиена клучната компонета за терахерцно „Wi-Fi“

Истражувачите од Универзитетот Браун направија огромен чекор напред во решавањето на еден од тие предизвици. Тие веруват дека развиле прв систем за мултиплексни терахерц бранови. Мултиплексорите се уреди што овозможуваат посебни текови на податоци да патуваат преку еден единствен медиум. Ова е истата технологијата што овозможува еден кабел да носи повеќе ТВ канали или една линија со оптички влакна да носи илјадници телефонски повици во исто време.

Денешните мобилни и „Wi-Fi“ мрежи се засновани на микробранови кои ја пренесуваат говорната комуникација и податоците. Но, барањата за трансфер на податоци брзо станаа поголеми од тоа што може да го овозможат микробрановите. Терахерц брановите имаат многу поголема фреквенција, а со тоа и поголем опсег. Па сепак, научниците и инженерите дури од неодамна почнаа да ги истражуваат потенцијалите на терахерц брановите. Од тие причини, многу од компонентите за терахерц безжичната мрежа, вклучувајќи ги и мултиплексорите, сѐ уште не се развиени.

Мулиплексорот на кој рабтаат научниците од Браун, користи антена која се состои од две метални плочи, паралелено поставени за да формираат насочувач на брановите. На една од плочите има мал процеп и кога терахерц брановите поминуваат низ насочувачот, дел од нив излегува надвор низ процепот. Се чини дека терахерц брановите излегуваат надвор под различни агли, во зависност од нивната фреквенција.

„Тоа значи дека ако се стават 10 различни фреквенции помеѓу плочите – а секоја од нив потенцијално носи уникатен проток на податоци, надвор ќе излезат во десет различни агли. Така, ние ги одвоивме и тоа е демултипликација“- велат истражувачите од Браун.

На другиот крај, може да се подеси приемник да прима зрачења од еден одреден агол, со што ќе добива податоци само од еден проток.

Една од предностите на овој пристап, велат истражувачите, е и тоа што со подесување на растојанието помеѓу двете плочи, може да се подеси протокот. Ова би можело да биде особено корисно ако ваков уред се употребува во мрежата на податоци.

„На пример, ако еден корисник ненедејно има потреба од голема количина на податоци  може да ги земе од другите во мрежата кои немаат толкава потреба, само со менување на растојанието помеѓу плочите во вистинската локација“.

Истражувачите планираат да продолжат со работа за усовршување на нивниот уред. Истражувачки тим од Универзитетот во Осака соработува со тимот од Браун, за да го имплементира уредот во прототип терахерц мрежа што тие  ја градат.

Истражувачите од Браун се надеваат дека овој труд  ќе претставува предизвик за останатите  истражувачи да почнат да работат на другите компоненти на терахерц мрежите.

Истражувањето е објавено во списанието  „Nature Photonics“.

Поддржете ја нашата работа: