Водата е околу 800 пати по густа од воздухот, што значи дека трчањето во вода е многу понапорно од трчањето на копно. За оние кои сакаат да трчаат, можеби ќе биде интересно да знаат дека за врема на трчањето нозете ја допираат земјата помеѓу 500 и 1250 пати по километар, што може да создаде потешкотии за зглобовите. Со аква аеробикот се добиваат сите придобивки од трчањето,но без штетниот ефект врз зглобовите.
Имајќи го ова предвид, од страна на истражувачите од MTSU’s Human Performance Lab направена е студија која се осврнува на тоа како одењето во вода може да ги оспособи мускулите да им бидат подобра подршка на долните екстремитети кај деца со церебрална парализа, како и на други пациенти, на кои претходно им е кажано дека ќе бидат постојано зависни од количка или од друго помошно средство за одење.
За таа цел искористена е лентата за одење која е поставена во голем отворен сад со вода кој наликува на аквариум. Од страните се поставени специјални држачи за кои пациентите се придржуваат. Со помош на водата и држачите пациентите успеваат да се држат исправено и да “одат” по лентата. Посебно внимание се обрнува на состојбата на кардиоваскуларниот систем и снагата на мускулите на секој пациент пооделно.
Движењето низ водата не само што ги зајакнува мускулите,туку во исто време го зголемува и осетот за движење.
“Одењето е делумно и рефлексна акција. Дури и кога повредa на рбетниот столб ќе ја прекине врската со мозокот нозете сеуште “паметат “како да направат чекор. За да може да се чекори потребно е да може да се издржи тежината кога човекот е во исправена положба. Ако може да обезбедиме таква средина, тогаш чекорот може да случи дури и ако мозокот не може да го стимулира. Терапијата во вода е идеална, бидејќи опасноста од пад и повреди е мала. Исто така, водата ги прави нозете полесни, а тоа го олеснува и движењето.“ – велидр Сенди Стивенс, водач на исражувачкиот тим.
Следно што го планираат истражувачите е да откријат зошто вежбањето на лента во вода го подобрува движењето.
“На пример, дали некои деливи во мозокот што не биле активни, повторно се активираат? Дали некои делови од ‘рбетниот столб повторно се инервираат како резултат на тоа што се случува на периферијата. Со други зборови, што се случува во нозете” – вели директорот наMTSU’s Human Performance Lab – Don Morgan.