Реконструирани писма стари 20 века


Градовите Херкуланеум и Помпеја биле потполно затрупани со пепел и камења за време на ерупцијата на вулканот Везув во 79 –та година. Археолошките ископувања откриле богата ризница од прекрасно сочувани артефакти кои нудат увид за животот во Римското царство пред две илјади години.

Помеѓу откриените предмети биле и голем број рачно напишани свитоци. За жал, поради високите температури за време на ерупцијата, од нив останале само нешто повеќе од јагленисани скелети. Досега биле направени неколку неуспешни обиди да се одвиткаат и да се реконструираат. Еден археолог дури има изработено машина за одмотување на фрагменти од свитоците во листови од животински црева.

Со помош на науката од 21-век, научниците од  Италијанскиот истражувачки институт за микроелектроника и микросистеми (CNR-IMM) во Неапол, успеаа да го видат  и да го дешифрираат она што било запишано во свитоците пред две илјади години, без да ги оштетат. Тие користеле адаптирана техника за користење на високо-интензивни Х-зраци за да ги испитуваат свитоците слој по слој. За разлика од конвенционалната употреба на Х-зраците (која се базира на различната апсорпција на зраците од  ткивата низ кои поминуваат, со што се создаваат потемни и посветли делови кои ги откриваат деталите за структурата која се снима), италијанските научници направиле споредба колку брзо Х-зраците поминувале низ различни делови од материјалот. Нерамнините на површината на папирусот, дури и оние најситните направени од мастилото, дебели само десетина од милиметар, го успорувале поминувањето на Х-зраците, продуцирајќи нежни, но видливи знаци.

 

Ова им овозможува на истражувачите да почнат да го читаат она што претходно беше невозможно да се прочита. Зборовите напишани на грчки јазик, во најголем број се видливи. Што пишува во свитоците, допрва требе да се утврди, бидејќи оваа техника одзема доста време и треба дополнително да се оптимизира.

Да се надеваме дека во свитоците не е запишана нечија листа за пазарење.

Истражувањето е објавено во „Nature Communications“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt