Рекорден трансфер на податоци од 225 терабити во секунда

Истражувачите од Универзитетот за технологија во Ајндховен, Холандија (TU/e)  и од Универзитетот во централна Флорида, САД (CREOL), во извештајот што го објавија во списанието „Nature Photonic“ известуваат дека, со употреба на нов тип на влакна, направиле успешна трансмисија на рекордни 225 терабити во секунда (Terabits/s) овозможувајќи  21 пати поголем опсег од оној кој во моментов е достапен во комуникациската мрежа. 

Општество „гладно“ за податоци

Благодарение на се поголемата употреба на интернет услугите и потребата од зголемување на капацитетот на мрежната база на податоци , се очекува дека барањата за проширување на телекомуникацискиот опсег ќе  растат со експоненцијална брзина. Една од опциите за зголемување на преносот преку оптичките стаклени влакна, што сега се употребуваат, е да се засили јачината на  сигналите за да се намалат загубите поврзани за стаклото од кое се произведуваат овие влакна. Меѓутоа, ова предизвикува несакани, нелинеарни фотонски ефекти , што ја лимитира количината на информации што може да се обнови после преносот преку стандардните влакна.

Со своите можности, новиот тип на  влакна ги надминува сегашните стандарди за повеќе од 20 пати. Новото влакно има седум различни  јадра низ коишто може да поминува светлината, наместо едно колку што имаат сегашните најсовремени  влакна. За споредба, тоа е како да преминувате од еднонасочен пат, на автопат со седум ленти.289f

Покрај ова, научниците претставија и две дополнителни ортогонални димензии за пренос на податоци , а тоа е како (повторно за споредба) три автомобили да возат еден над друг во иста лента.

Со комбинација на овие две методи , научниците успеале да направат вкупен пренос од  225 терабити во секунда преку оптичка врска.Тоа е над  20 пати повеќе од сегашните стандардни, односно 4 – 8 терабити во секунда.

Ваквите извонредни достигнувања , дефинитивно  отвораат можност да се достигне  пренос од петабити во секунда (Petabits/s), на што е и фокусирана следната 7-годишна истражувачка програма „Хоризонт 2020“ на Европската Комисија.

Поддржете ја нашата работа: