Решена мистеријата на Сатурновиот Ф – прстен

Т.н. Ф – прстен орбитира на границата помеѓу другите прстени и неколку месечини, на оддалеченост од околу 140 илјади км. од Сатурн.

Прстенот е многу тенок, само околу 100 км. во пречник и околу него орбитираат месечините Прометеј (од надворешната страна) и Пандора (од внатрешната страна). Долго време научниците сметале дека овие месечини го ограничувале неговото формирање, но тие воопшто не знаеле како тој се формирал.

Сега, двајца астрономи од Универзитетот Кобе во Јапонија, со помош на компјутерски симулации покажале дека Прометеј и Пандора се нус-производ на судир на надворешниот раб на прстенестиот систем на Сатурн.

Според претходни шпекулации, судирот на две мали месечини би резултирал со нивно распаѓање и создавање на уште еден прстен во колекцијата. Но, доколку објектите се поцврсти и се судрат под одреден агол, тогаш тие би се распаднале само делумно и би се формирал тесен прстен од честички, што всушност астрономите, со помош на симулациите покажале дека се случило.

Тие сметаат дека ова не е процес кој се случил само еднаш, туку напротив, дека се случува природно како резултат на формирањето на прстени под одредени услови, кај џиновските гасовити планети.

Поддржете ја нашата работа: