Решение за опасноста вашето дете да голтне батерија

Парички, џамлии, шрафчиња, мали батерии – сите тие претставуваат потенцијална опасност со кобни последици.

Истражувачите од болницата Бригам развиле т.н. оклоп за мали батерии, правејќи ги безопасни доколку детето ги проголта.

Секоја година, околу 5 милијарди мали батерии се произведуваат во светот. Овие мали, кружни батерии имаат огромна примена, од детски играчки, слушни помагала и ласерски покажувачи па се до далечински управувачи и музички честитки. Додека новото законодавство бара батеријата во детските играчки да биде посебно обезбедена, многу елементи кои вообичаено се користат од страна на возрасните ги содржат овие батерии во лесно достапни и незаштитени форми. Со зголемувањето на бројот на таквите уреди,  проблемот на случајнo голтање се зголемува. Во 2013 година, имало повеќе од 3.000 пријавени случаи на случајно голтање на батерија – поголемиот дел кај деца под 6 годишна возраст.

Голтањето на овие батерии е гастроинтестинално вонредна состојба со оглед на тоа дека оштетувањето на ткивото започнува веднаш штом батеријата е во контакт со ткивото, генерира електрична струја и доведува до хемиски изгореници.

Карп и неговите колеги станале свесни за овој проблем во 2010 година и одлучиле да  применат колективна експертиза за развивање на нови решенија. Создале специјализиран слој, од материјалот наречен „квантна тунелизирана смеса“ кој дејствува како изолатор кога е изложен на притисок. Извршиле тестирања врз животни. Како што било очекувано, обложените батерии не предизвикале никаква штета, за разлика од регуларните.

Во прилог на намалување на повредите, оваа иновација најверојатно ќе биде доста евтина. Крајната цена ќе зависи од точниот состав на материјалот што се користи, но според сегашните пресметки, би изнесувала помалку од 1 долар.

Поддржете ја нашата работа: