Овие наоди кои во блиска иднина би можеле да доведат до нивна употреба во пластиката што се користи за медицинска примена, како пакувања за лекување на рани, конци, цевки за катетри и за апликација на лекови. Биопластичните материјали би можеле исто така да се користат и за пакување на храна.
Истражувачите тестирале три нетрадицонални биопластични материјали – албумин, сурутка и соја протеини, како алтернатива за конвенционалната пластика која се изработува на база на нафта.
Особено извонредни антебактериски својства покажал албуминот, протеин кој се наоѓа во белката од јајцето, помешан со традиционалните пластификатори како глицеролот.
„Наодите покажаа потполна инхибиција на бактериите по апликацијата на пластиката. Бактериите не се во можност да живеат во неа“- велат истражувачите.
Една од целите на истражувачите е да се најде начин да се намали количеството на нафта што се користи кај традиционалното производство на пластика, а другата да се создаде целосно биоразградлива биопластика.
„Биопластиката – мешавина од албумин и глицерол ги исполнува двата стандарди. Ако ја оставите во депонија, тоа што е чист протеин ќе се распадне. Ако се закопа во почвата, пластиката ќе исчезне за еден до два месеца“- велат истражувачите.
Следниот чекор на истражувачите е подетална анализа на потенцијалот на оваа пластика базирана на албумин, за користење во полето на биомедицината и пакувањето на храна.
Како што забележуваат истражувачите, 4,5 од 100 болнички приеми во Сад во 2002 година резултирале со болнички инфекции. Покрај тоа забележителен е и ризикот од контаминацијата на храната, како резултат на обичната пластика. Истражувачите се охрабрени од антимикробните својства на оваа биолошка пластиката, што може потенцијално да ги намали ризиците при нејзина примена кај лекарствата или како конзарванси на храната кои можат да ги убијат бактериите или да го спречат нивното размножување.
Истражувањето е објавено во онлајн изданието на „Journal of Applied Polymer Science“.