Револуција во телекомуникацијата

Истражувачите го направиле она што се сметаше за невозможно: создале интегрирани кола (IC) кои ги олеснуваат целосните двојни (full duplex) радиокомуникации. Предавателите и приемниците работат или во различен период или во исто време, но на различни фреквенции. Сега, тоа се промени.

Очигледна контрадикција на ова се мобилните телефони, тие се безжични и овозможуваат симултана комуникација – или не? Официјално не. Мобилните телефони и другите комуникациски уреди кои работат на сличен начин користат технологија наречена фул дуплекс емулација.

За полесно разбирање на изјавата на научниците, потребно е да се објаснат основите:

Половина дуплекс: Систем каде двете страни можат да комуницираат едни со други, ама не истовремено – на пример, двонасочно радио.

Фул дуплекс: Систем каде двете страни или уреди може да комуницираат едни со други истовремено – на пример, фиксна телефонија.

Фул дуплекс емулација: Процес кој е приближен на фул дуплекс комуникација во текот на половина дуплекс комуникациска врска.

Постојат два типа на најчесто користена фул дуплекс емулација:

Временски поделен  дуплекс (TDD): предавателот и приемникот се на иста фреквенција, но пренесуваат и примаат сообраќај во синхронизирано време.

Фрекфенциски поделен дуплекс (FDD): пренесуваат и примаат фреквенции на одделени фреквенциски интервали, со што се избегнува мешање.

Проблемот

Повеќето радио примопредаватели (освен оние кои ги користат FDD) или примаат или пренесуваат, но никогаш во исто време – доколку тие се обидуваат да добијат и испратат сигнал на истата фреквенција, ќе се измешаат. Научниците тоа го нарекуваат само-мешање.

Затоа, најдобро е некако да се откажат локалните примопредавачки сигнали во локалното коло, за потоа да може одалечениот сигнал да се слушне, дозволувајќи му на фул дуплексот максимална продуктивност.

 Решението

 За ефикасно да се елиминира само- мешањето, потребни се  две  автоматски  операции:

 -Осетливост на ехо или само-мешање, кое се појавува кај примачот.

 -Користење на интегриран филтер  прилагоден на откажувањето на  сигналот, кој го препознава ехото и го репарира со висок степен на  точност.

 Во оваа ера на големи податоци, кризата со фреквенцискиот спектар е  еден од најголемите предизвици со кои истражувачите се соочиле, бидејќи  е јасно дека денешните безжични мрежи нема да бидат доволни за да го поддржат напливот на податоци што секојдневно се зголемува. Можноста на предавателот и приемникот да ја користат истата фреквенција има потенцијал двојно да го зголеми капацитетот на денешните мрежи. 

 

Поддржете ја нашата работа: