Риба што се трансформира од еден во друг вид

Оваа риба ја користи својата способност за менување на бојата и за да се скрие од поголемите предатори со тоа што бојата ќе и се совпаѓа со позадината и ќе изгледа како да е дел од истата.

Истражувањето, објавено во „Current Biology“, открива софистициран нов пример на мимикрија – односно маскирање во друг вид за да се добие еволутивна предност. Користењето на мимикрија е често во природата, за животните да се скријат или да ловат други животни, но научниците истакнуваат дека ако истата физичка измама се среќава премногу често, тогаш животните ќе станат повнимателни и ќе развијат тактики за да ја ублажат и да се одбранат.

Рибата „dottyback“ е територијален предатор од околу 8 см. во должина и обично може да се најде во коралните гребени во Индискиот и Тихиот Океан. Може да ја менува бојата во зависност од бојата на другиот вид на риба кој го лови, а најпопуларна цел и се рибите „damselfish“. Оваа флексибилност на физичката мимикрија им ја отежнува одбраната на рибите.

„Ова однесување може да се спореди со приказната за волкот во јагнешка кожа“, истакнуваат научниците. Тешко е да се идентификува предаторот кога сите поединки се слични.

Истражувачите се фокусирале на две бои, жолта и кафена, кои рибите ги имале на гребените во близина на североисточна Австралија. Тие спровеле лабораториски експеримент и изградиле симулирани гребени каде што ставале или жолти или кафени „damselfish“. Кога ќе ја ставеле и рибата „dottyback“, таа ја менувала бојата од жолта во кафена, или обратно, во текот на две недели. Истражувањето на анатомијата на рибите „dottyback“ покажало дека нивото на хроматофори (клетки кои содржат пигменти и рефлектираат светлина) е константно, но соодност на жолти и црни пигментирани клетки се менува за да може рибата да се менува од жолата во кафена и обратно. Тестирањата покажале и дека откако рибата ќе ја добиела истата боја како својот плен, три пати поуспешно ги јадела нивните млади.

Ова е првото животно за кое научниците откриле дека се трансформира за да измами различни видови.

Поддржете ја нашата работа: