Две студии кои ги истражувале омега- 3 масни киселини во суплементите од рибино масло,покажале дека тие не обезбедуваат никаква позначајна заштита од коронарни срцеви заболувања,споредено со другите типови прехрамбени масти.
Студиите во кои се испитувани мастите покажале дека ,само транс мастите пројвуваат јасни негативни ефекти врз здравјето на срцето.
Се покажа дека заситените масти кои долго време се сметаа за воопшто непожелни во исхраната,не претставуваат никаков дополнителен ризик за болести на срцето. Тие носат отприлика ист ризик за срцето како и незаситените омега-3 и омега-6 масни киселини – се вели во статијата на Dr.Rajiv Chowdhury,(кардиоваскуларен епидемиолог од University of Cambridge) и соработниците, објавена во Annals of Internal Medicine. Транс мастите се наоѓаат во обработената храна (во листата каде се опишува составот на храната се означени со зборот “хидролизирани” или “полухидролизирани “).
Истражувачите во една друга студија дошле до истите податици,но по друг пат. Тие го испитувале дејството на омега-3 масните киселини врз здравјето на очите, но ги искористиле добиените податоци да видат дали суплементите помагаат во превенцијата од срцеви заболување. Во испитувањето учествувале 1100 луѓе кои земале омега-3 суплементи , а наодите не покажале намалување на срцевите заболувања или мозочен удар, споредено со приближен број луѓе кои користеле други суплементи за здравјето на очите или плацебо.
Во мета-анализата спроведена од тимот на Dr.Chowdhury биле опфатени 72 студии со пвеќе од 600.000 учесници од 18 нации.Тимот ги комбинирал податоците од сите студии за да изврши процена на влијанието на заситените масти, незаситените масти и омега-3 и омега -6 масните киселини врз здравјето на срцето.
До сега докторите велеа дека заситените масти го зголемуваат нивото на “лошиот”LDL холестерол,кој може да предизвика стварање на масни наслаги во артериите,зголемувајќи го ризикот од срцев или мозочен напад ,додека пак омега-3 масните кисели го подобруваат здравјето на срцето со тоа што го зголемуваат нивота на “добриот “ HDL холестерол.Се верува дека добриот холестерол му помага на телото да се ослободи од лошиот холестерол.
И покрај што сето тоа е точно,наодите на Chowdhury и неговиот тим,покажуваат дека ниеден од тие ефекти се чини неправи значителна разлика во севкупната заштита од коронарни срцеви заболувања.
Заситените масти не се главниот проблем кога се работи за болестите на срцето,додека омега-3 и омега -6 масните киселини имаат мал или никаков ефект во редукцијата на кардиоваскуларните заболувања
-вели Chowdhury.
Секако омега – 3 масни киселини играат важна улога во одржувањето на доброто здравје и потребни се за одржување на бројни функции во телото како контролата на згрутчување на крвта или изградбата на клеточната мембрана на мозочните клетки.
Но луѓето треба да се фокусираа на обезбедување на потребните омега-3-масни киселини преку храната богата со овие киселини, како рибата например,а не преку суплементи.