Кога се зборува за операции на мозокот, прецизноста е една од првите карактеристики која ни доаѓа на памет во тој поглед. Факторот на човековите грешки кои можат да настанат може да донесе тешки последици за пациентот. Научниците од Универзитетот Јута сакаат да ја минимализираат можноста на таквите човекови грешки.
Времето кое е потребно за ваков комплициран процес со помош на робот, може да се скрати на неверојатни две и пол минути. Инаку без помош на технологија и роботи, на човекот за ваква операција му се потребни додатни два часа. Истражувањето е објавено во списанието Neurosurgical Focus, а научниците со тоа се сигурни дека еден робот може да врши сложени операции.
Тимот на научници бил инспириран од технологија која е инаку достапна во автомобилската индустрија. Роботот е насочен на ранливи области со помош на податоци собрани од КТ скенови, внесени во роботот при неговото програмирање, бидејќи истите тие скенови ги покажуваат локациите на нервите и вените кои роботот мора да ги избегнува.
Лидерот на студијата, неврохирургот Вилијам Кудвел го потврди веќе кажаното: “Можеме да програмираме роботи кои сигурно ќе изведуваат сложени постапки со помош на КТ снимки од пациентот”.
Освен очигледните способности за спасување на животи кои би ги имал еден ваков робот, исто така целиот тој процес ќе заштеди пари. Краткото време за операција, овозможува и помали трошоци по операцијата. Тука е и предноста за намалување на времето кое пациентот го поминува под анестезија. Иднината е изгледа позади аголот, и роботиката и автоматизацијата полека го менуваат начинот на кој лекарите изведуваат оперативни зафати.
Некои пациенти на почетокот може да бидат скептични кога ќе дознаат дека некаков робот ќе им извршува операција, но факт е дека роботите можат да изведат било што со непогрешлива прецизност за разлика од луѓето. Прототипот веќе направи успешна операција на бениген тумор на аудитивен нерв, кај кој инаку постои опасност од губење на фацијална експресија при евентуална грешка.