Роботи инспирирани од гепардите

Создадени од страна на Сангби Ким и неговите колеги од МИТ, роботите ги санираат/избегнуваат пречките на патот со помош на вградена „LIDAR systemMovie“ камера, која може да изгради слика на објектот  на патотот  врз основа на рефлектирана ласерска светлина. Алгоритамот ја проценува висинатата и растојанието до пречката, прилагодувајќи ја траекторијата на роботот во движење без да го попречува.

Тимот  го поставил роботот на лента за трчање, а потоа на патека (види видео). Успешно избегнал 70% од пречките со различни големина на лентата. На патеката, сепак, роботот бил дури и повеќе умешен, избегнувајќи околу 90% од пречките. Колку поголем е расположливиот простор, роботот има повеќе време да ги детектира и избегне пречките.

Роботот-гепард одржува просечна брзина од 8 километри на час. Рекордната брзина на слични четириножни роботи е 30 километри на час.

Гепардите ќе ја покажат својата способност на „DARPA Robotics Challenge“ на почетокот на јуни во Помона, Калифорнија.

enauka.mk
9,269наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,191денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.