Роботот кој може да чита мисли

Интерфејсот кој го поврзува мозокот и компјутерот (Brain-Computer Interface, BCI), се почесто се спомнува како еден од начините на кои во блиска иднина можеби ќе можеме да комуницираме со роботи. Напредокот на ова подрачје го остварија научниците од МИТ Универзитетот во Бостон, и своите достигнувања ги објавија во форма на професионална хартија.

Нивниот потфат се состои од роботи кои работат едноставна задача, а човекот кој ја набљудува нивната работа ги исправа грешките. Тоа не е ништо необично доколку човекот мора да направи било што кога воочи грешка, меѓутоа, се што треба да направи е да ја забележи грешката. Интерфејсот кој се состои од ЕЕГ капи за снимање на активноста на мозокот доволно е паметно да препознае кога лицето реагира на лошо извршена задача, а потоа му праќа инструкции на роботот да ги исправи.

Интересно е тоа што, машинското учење кое го придвижува овој систем за препознавање на роботските грешки се изведува без лицето да помине никаков тренинг пред тестирањето, или да мора свесно да размислува за начинот на прилагодување на акциите на роботот. Системот се прилагодува на начинот на кој размислува секое лице, и ја извршува оваа едноставна задача телепатски.

Истражувачите нагласуваат дека ваквото програмирање на роботот со само два исходи е само почеток, а иднината може да ни донесе можност за задавање далеку покомплексни команди на компјутерите со помош на мисли.

Поддржете ја нашата работа: