Родителската љубов и внимание во раното детство влијаат на волуменот на мозокот на детето – заклучува една студија уште од 2012 година.
Фигуративно е докажано како триодишно дете кое е желно за љубов има помал мозок од она дете кое е опкружено со внимание и поддршка од родителите.
Оттука, недостатокот на внимание и љубов не влијае само на емоционалниот развој на детето, туку и на физичкиот развој на неговиот мозок. Доколку околината во која расте детето е “незрела”, истото резултира со морфолошки и функционални промени во мозокот.
Кај лица кои немале доволно приврзаност и кои немале лице со кое би се поврзале, доаѓа до промена во амигдалата – дел во мозокот кој се нарекува емоционален мозок. Во прашање може да биде дете кое е оставено од страна на родител или дете на емоционално нестабилни родители.
Кај таквите деца, а подоцна и кај возрасна личност доаѓа до потешкотии во функционирањето. Меѓу останатото, тие поинаку го толкуваат стимулот од околината.
Со негативно делување на невронските кругови во мозокот детето во еден момент се наоѓа во фаза на одвојување од реалноста. Таквите деца најчесто се повлечени, но со импулсивни испади во онесувањето. Долгорочните последици не се занемарливи.
За детето е нужно да има барем една блиска личност, и повеќе лица кои му се извор на безбедност и стабилност.
Раните односи на поврзување почнуваат да се формираат дури од првата година од животот, а квалитетот на тие односи влијаат на подоцнежната способност за справување со стресот.
Факт е дека приврзаноста во развојот влијае на психосоцијалната функционалност на детето, а подоцна и кај возрасната единка.
До пред неколку години не се знаеше точно за влијанието врз морфолошките промени во мозокот, а денес, седум години по објавената студија, за жал сеуште недоволно луѓето се насочуваат на таа тема.