Родителството го продолжува животниот век

Родителтвото го продолжува животниот век на луѓето, особено на мажите покажале наодите од една обемна студија   спроведена од Институтот Каролинска во Шведска.

Со истражувањето биле опфатени скоро 1.5 милиони Швеѓани родени помеѓу 1911 и 1925 година. Резултатите покажале дека очекуваниот животен век на шеесетгодишните лица кои биле родители барем на едно дете бил во просек скоро две години подолг во однос на луѓето кои немале биолошки деца.

Попрецизно, животниот век на мажите кои имаат деца се продолжува за две години, а на жените за година и половина.

Спртивно од некои претходни студии, ова истражувње покажало дека на ова не влијае полот на детето. Често се смета дека женските деца повеќе се грижат и им помагаат на родителите, но шведските научници не откриле таква врска.

Иако не е потполно јасно зошто родителство е поврзано со подог живот, истражувачите сугерираат дека причина за тоа веројатно лежи во поголемата грижа на децата за своите остарени родители, било преку физичка помош, емоционална поддршка, или залагајќи се за нивен подобар здравствен тетман.

Сепак, има и други објаснувања, меѓу кои и дека луѓето кои имаат деца водат поздрав живот, или дека постојат и други фактори кои ги намалуваат шансите на луѓето да имаат деца и го зголемуват ризикот од смрт.

Наодите од истражувањето се обавени во „Journal of Epidemiology and Community Health“.

Поддржете ја нашата работа: