Наодите се од страна на тимот предводен од истражувачите на Универзитетот во Берн кои ги следат мерењата на спектрометарот „Росина“, дел од инструментите на Розета која орбитрира околу кометата 67P /Чуримов-Герасименко.
Молекуларниот азот, N2, е голема молекула во атмосферата на Земјата, а исто така е присутна во атмосферата и површината на Плутон и Тритон, месечината на Нептун.
Мерењата на азот укажуваат на тоа дека кометата “67P“ е формирана во многу студен регион на нашиот Сончев систем, односно Кајперовиот појас, кој се наоѓа надвор од орбитата на Нептун.
Мартин Рубин од Институтот за физика на Универзитетот во Берн и неговиот тим ја детектирале „најбараната молекула”, во атмосферата на кометата (тимот ја нарекува Чури).
„Иако некои комети како Чури, веројатно, биле формирани во исти региони како Тритон и Плутон, досега не бевме во можност да најдеме молекуларен азот во нив”, објаснува Рубин. „Досегашните можности за анализа едноставно не се доволно прецизни“.
„Росина“ е изградена на Универзитетот во Берн и ја има потребната резолуција за разликување на молекули кои имаат скоро иста молекулска тежина, што е случај на јаглеродниот моноксид и молекуларниот азот, вели Рубин.
Инструментот е дизајниран и изграден пред речиси 20 години.
Висината на детектираниот молекуларен азот е сепак многу помала од амонијакот на пример.
Водата и кометите
Најновите резултати се дополнителен доказ дека кометите како Чури не можат да бидат голем извор на вода и испарувања, како азотот на Земјата.
Односот на деутериум и водород во водата на кометата се разликува многу од онаа на Земјата, што укажува на различни извори.
Молекуларниот азот на кометите е прашање покренато уште пред 30 години за време на мисијата на „Џиото“ на „1P / Халеевата комета“.
Овие наоди се дел од од одговорот на прашањето, но сложувалката во ниеден случај не е завршена.
Розета и Чури се околу пет месеци надвор од перихелот и истражувачите набљудуваат како се менува составот на гасовите во текот на овој период, обидувајќи се да го дешифрираат минатото на кометата.
Леталото пристигна на Чури во август 2014 година, по десет-годишно патување низ вселената и оттогаш собира податоци за кометата.
Розета ќе остане во орбитата околу кометата многу по нејзиниот живот.
Формирана пред околу 4,5 милијарди години и замрзната оттогаш, кометата крие траги на оригиналната исконска материја на Сончевиот систем. Проучувањето на јадрото и атмосферата дава витални индиции за условите во почетоците на Сончевиот систем.