Според соопштението на Федералната служба за надзор во областа на телекомуникациите, информатичките технологии и масовните комуникации на Русија, – социјалната мрежа „Linkedin“ е внесена во Рускиот регистар на нарушувачи на правата и личните податоци на руските граѓани и одлуката за блокирање на „Linkedin“ на територијата на Русија е пратена за извршување до сите телекомуникациски оператори.
Оваа одлука се темели на претходно донесена судска одлука која постанала правосилна.
Според објаснувањето на руската служба, одлуката е донесена поради тоа што социјалната мрежа „Linkedin не дала информација за тоа на кој начин таа го почитува законот за заштита на личните податоци на руските граѓани иако во два обида руските власти поднеле уредно барање.
Претходно Московскиот суд донесол одлука за блокирање на оваа социјалната мрежа поради нарушување на законот за локализација на личните податоци.