Русите креираа „топловизор“ за дијагностицирање на болести

.
Х-зраците, томографијата или ултразвукот не даваат информации за органот. Тие обезбедуваат информации за неговите структурни својства – како се формира густината, местоположба и слично, но не и како функционира.

Топловизорот пак, овозможува да се добие една слика во инфрацрвениот спектар. Така, лекарот  може да види  на топлинската мапа дали телото или некои негови делови се загреани. Или, пак, обратно, доколку циркулацијата не е во ред, тие се ладат. Ова може да помогне во поставувањето на дијагнозата.

Друга предност, изјави официјалното лице, е дека уредот нема да има ефект врз луѓето. За разлика од Х-зраците или скенерот, кои создаваат различни зрачења, овој уред работи на принцип на фотоапарат.

Се’ уште се работи на квалитетот на сликата и обидот да се воведе уредот во медицинската пракса. За широка примена е потребна медицинска обука во која докторите ќе научат да читаат мапи на топлина и да ги поврзуваат со одредени болести. Постои недостаток од заинтересирани медицински лица.

Досега, употреба на термичка обработка на слика е дозволена во спортската медицина. Како пример, портпаролот наведе откривање на стеснување на синусите, што укажува на тоа дека лицето добива помалку кислород за време на дишењето.

Исто така, тимот научил да детектира рак со помош на уредот.

Од друга страна, шефот на дијагностичкиот центар во Новосибирск, Александар Лачко, изрази уверување дека термичката обработка на слики не може да ги замени дијагностичките методи кои се користат денес. Меѓутоа, предностите на топловизорот, според него, е дека е ефтин, нема ефект врз телото и нема контраиндикации.

Може да се користи како скрининг – средство за примарна дијагноза на ниво на општи лекарски прегледи во клиниките или во училиштата со цел да се проверат одредени отстапувања.

Поддржете ја нашата работа: