„Планираме првиот лет да го изведеме во 2020 година, додека тестирањето на системот ќе се изврши во 2018 година“, вели тој.
Цената на билетот до вселената ќе се движи помеѓу 200 000 и 250 000 американски долари (160 000 – 200 000 евра), истакнува Пушкин.
Побарувачката за овие вселенски туристички патувања се проценува на околу 14 000 во првите десет години. Американските оператори кои реализираат слични проекти, веќе имаат резервирано повеќе од 700 билети.
„Планираме да заземеме голем дел од овој пазар“, истакнува Пушкин.
Овој руски проект е сериозно поддржан од домашен инвеститор, чиј идентитет Пушкин не го открива, истакнувајќи само дека се работи за „ добро познат руски индустријалец“.
Овој вселенски брод се планира да биде изработен од руската ракетна и вселенска индустрија. „Ќе разговараме и со обединетата ракетна и вселенска корпорација и ако најдеме заеднички јазик, производството може да биде и заедничко“, вели шефот на „КосмоКурс“.
Компанијата , исто така се надева дека ќе добие поддршка и од Вселенската Агенција на Руската Федерација и нејзините научни институции.
Компанијата веќе ги има одредено потенцијалните места за лансирање. Летот ќе трае 20 минути, а слетувањето е планирано да биде 20 километри подалеку од местото на лансирање .
Бројот на вработени во компанијата „КосмоКурс“ е осум, вклучувајќи го и главниот специјалист кој го креирал вселенскиот брод „Буран“ и ракетата „Ангара“, вели шефот на компанијата која е резидент на рускиот иновативен центар Сколково, лоциран во московскиот регион.