САД го регулираат бизнисот на Месечината

Компаниите од САД, ќе можат да поднесат барање за дел од територијата на Месечината, преку истиот процес преку кој можат да добијат дозвола за лансирање на  ракети во вселената – известува Ројтерс.

Ова може да се види од писмото испратено од Федералната адмиистрација за воздухопловство (FAA(FAA) до „Bigelow Aerospace“ – американска вселенска старт-ап компанија , која меѓу другото изработува живеалишта што можат да се користат во вселената. Тоа би требало да значи дека „Bigelow“ ќе може да постави вакви живеалишта на Месечината, ако добие ексклузивно право на таа територија.

„Bigelow“ ќе ги испрати своите живеалишта на Меѓународната вселенска станица оваа година, што според планираното би требало да бидат „испостава“ во вселената, за да можат евентуално да послужат за престој на туристи. Потоа би се фокусирале на поставување слични бази на Месечината до 2025 година.

Новите правила не значат дека некој може да ја поседува Месечината. Тие само обезбедуваат сигурност дека некој друг нема лиценца да слета на вашата територија или на територијата каде се одвиваат или се планирани истражувачки активности, објаснуваат од „Bigelow“.

САД  се дел од договорот на ОН за регулирање на правата во вселенскиот простор кој забранува која било влада да „полага право“ на Месечината или кое било друго вселенско тело. Но, на приватните компании не им е забрането да поставуваат свои објекти на Месечинта, а лиценцата за тоа сега ја издава „FAA“.

Но, САД не се потписници на уште еден клучен дел од легислативата на ОН, позната како „Месечев Договор“ (Moon Treaty). Овој договор, кој го потпишале само девет земји, ги ограничува начините на кои државите и компаниите полагаат право на минералите и  останатото што постои на Масечината.

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација