Со помош на слики добиени од сателитот Sentinel 5P, Descartes Labs направи фасцинантен приказ на Земјата на кој светлите точки на глобусот ја оцртуваат мапата на човечкото населување и индустријата.
Сребрените линии претставуваат емизија на азод диоксид, гас кој се добива при согорување и придонесува за кисели дождови и создавање на магла. Азот – диоксидот е штетен и за човекот, бидејќи може да предизвика едеми на градниот кош, па дури и смрт со гушење.
Иако постојат природни извори на азот диоксид, најмногу со своето делување го создаваат луѓето, тврди американската Агенција за заштита на околината.
Автомобилите, камионите, електраните, фабриките, па дури и градежната опрема, сето тоа испушта азот диоксид во атмосферата. Исто како шумските пожари и палењето на нивите. Мапата на Descartes Labs покажува „каде гори“ на Земјата во преносна смисла.
Податоците се добиени од сателитот Sentinel 5P, кој беше лансиран во 2017 година на задача да ги следи промените во атмосферата.
A global composite view of NO₂ burned in August and September of 2018 created using #data from @esa @Sentinel5p ?#nitrogendioxide #emissions #airpollution #airquality #earthobservation #sentinel5p pic.twitter.com/479z0lrp0J
— Descartes Labs (@DescartesLabs) February 16, 2019
Тој е дел од сателитите кои ги испрати Европската вселенска агенција, а служат за научно набљудување на Земјата.
Другите сателити следат што се случува со вегетацијата, температурата и пукнатините на антарктичкиот мраз.
Таа карта е една верзија на серијата слики кои ги објави Descartes Labs. За да ги направат, истражувачите создаоа композиција од поединечни слики кои сателитот Sentinel 5P ги анправи во текот на август и септември во 2018 година.
This map shows a 2-month average of the abundance of #nitrogendioxide (NO₂) in the air, as sensed from space by the new #Sentinel5P satellite from @esa data #emissions @afreedma @axios https://t.co/EGaAb8WJIX
— Descartes Labs (@DescartesLabs) February 22, 2019
Облачните денови и сликите со низок квалитет се филтрирани за да се генерира мапа со просечната количина азот диоксид во најнискиот дел од земјината атмосфера кој било ден во текот на двата месеци.