Сè што досега знаеме за „Земја 2.0“

Наречен Кеплер -425б, тој претставува првата планета со големина скоро колку на Земјата, која што се наоѓа во зона погодна за живот на една ѕвезда многу слична на нашето Сонце.  Досега, ова е најдобриот кандидат за „Земја 2.0“ и можеби и е идеално место за потрага по вонземјански живот.

Ова е се што знаеме досега:

  • Кеплер-452б орбитира околу ѕвезда наречена Кеплер – 452, која што се наоѓа на одалеченост од  1.400 светлосни години од соѕвездието Лебед  од Млечниот Пат.
  • Планетата е 1,6 пати поголема од Земјата.
  • Претходните истражувања покажуваат дека има голема шанса планетите со таа големина да се карпести, исто како што е и Земјата.
  • Кеплер -452б орбитира околу ѕвезда од типот Г2(G2), како што е и нашето Сонце.
  • Планетата се наоѓа во зоната погодна за живот, што значи дека е доволно оддалечена од своето сонце за нејзината вода да не испари, а е и доволно блиску за да не замрзне.
  • Една година на Кеплер -452б трае 385 дена, што значи дека планетата е само 5 проценти подалеку од својата ѕвезда, отколку што е Земјата од Сонцето.
  • Доста е веројатно планетата да има атмосфера, многу облаци и активни вулкани.
  • Нејзината ѕвезда-родител Кеплер -452 е стара 6 милијарди години (1,5 милијарда години постара од нашето Сонце).
  • Кеплер -452 ја има истата температура, а е 20 проценти посветла  и 10 проценти поголема во дијаметар од нашето Сонце.
  • Бидејќи орбитира околу поголема ѕвезда, доста е веројатно да е малку потопло отколку на Земјата.

Се’ ова е многу интересно со оглед на фактот дека НАСА со децении е во потрага по нов потенцијален дом за човештвото. Многу е важно тоа што Кеплер – 452б орбитира околу ѕвезда од типот Г2(G2) бидејќи сите други планети со големина слична на Земјата што се досега откриени орбитираат околу ѕвезди што се поладни и помали од нашето Сонце.


Потоа следи староста на нејзината ѕвезда, што е 1,5 милијарда години постара од нашето Сонце, што значи имало доста подолго време за да се развие некаков живот.

„Тоа претставува значајна можност за да се појави живот на планетата, бидејќи ги има сите потребни услови за живот“ – изјавува Џон Џенкинс, главниот аналитичар на податоци за Кеплер.

Сепак, треба да ни е доста јасно дека знаеме многу малку за Кеплер -452б и не можеме со сигурност да кажеме дали во овој момент е погодна за живеење. Оваа планета е откриена на истиот начин како и сите егзопланети досега, со помош на леталото Кеплер.

Потоа, следеше набљудување од телескопи во САД,  што е причината што знаеме толку многу за осветленоста на ѕвездата на планетата, како и потенцијалната природа на планетата. Резултатите се објавени во „Astrophysical Journal“.

Меѓутоа со оглед на тоа што Кеплер -452б е одалечен 1.400 светлосни години, би ни требале многу подобри телескопи за да можеме всушност да ја видиме планетата. За среќа, наскоро ќе добиеме таков –телескопот Џејмс Веб.

Наследникот на вселенскиот телескоп Хабл ќе биде лансиран во октомври 2018-та г. и ќе биде 100 пати подобар од Хабл, со што ќе може да види настани кои се случиле во универзумот пред 13,5 милијарди години.

НАСА објаснува дека планира да го искористи телескопот за да изврши атмосферска анализа на Кеплер -452б, со што би добиле важни информации за тоа колку всушност е погодна за живот. 

Поддржете ја нашата работа: