Сечи само ако свети

Едноставно „ако свети – сечи“. А и ако останат неколку  малигни клетки и тие набрзо ќе бидат убиени.

Истражувањето е објавено во списанието „Nanoscale“.

„Оваа техника овозможува клетките на ракот и туморот буквално да светат, кога ќе се изложат на инфра-црвена светлина.Тоа прецизно му покажува на хирургот што треба да отстрани. Истата светлина, активира соединение во клетките на ракот што ќе ги убие сите преостанати канцерогени клетки“, објаснува професорот Таратула од Универзитетот во Орегон,

Соединението  што се користи кај оваа метода е познато како нафталоцијанин (naphthalocyanine). Тоа покажува необични  својства кога ќе се изложи на инфра-црвена светлина: прави клетките да светат, и со загревање и продукција на вид на реактивен кислород ги убива клетките. Со подесување на интензитетот на светлината, ова соединение може да се контролира и оптимизира  да ги убива само клетките на ракот.

Сепак нафталоцијанинот не е растворлив во вода и има тенденција да се таложи во телото. Со тоа ја губи способноста да  направи клетките да светат и да продуцира реактивен кислород, како и да се движи низ крвотокот и да навлезе во клетките на ракот.

Експертите од Универзитетот во Орегон го надминале овој проблем со тоа што употребиле специјален полимер, растворлив во вода наречен дендример (dendrimer) којшто му овозможува на  нафталоцијанинот да се „скрие“ во молекулата што прецизно ќе ги нападне само клетките на ракот  а не и здравото ткиво. Дендримерот (исклучително мала наночестичка ) користи некои физички карактеристики што ги имаат крвните садови што водат до клетките на ракот , а ги немаат здравите клетки, што му овозможува лесно да навлезе во туморот, а во голема мерка да го поштеди здравото ткиво.

Кога ќе стигне до местото и ќе се изложи на потребната светлина , клетките од ракот почнуваат да светат, правејќи на тој начин биолошка  мапа, што на хирургот му овозможува точно да одреди кое ткиво да го отстрани, а кое да го зачува. Во исто време, со неколку минутно изложување на светлина, се активира нафталоцијанинот кој ги убива преостанатите клетки од ракот.

Оваа техника веќе покажала извонредни разултати  кај лабораториски глувци кои имале малигни тумори. Не само што туморот бил потполно уништен , туку и кај глувците не се покажале никакви несакани ефекти и воопшто не изгубиле тежина.

Пред да започнат клиничките тестирања на луѓе, истражувачите, во соработка со свои колеги ветеринари ќе го тестираат овој процес на живи кучиња заболени од малигни тумори.

Слични техники и порано биле тестирани од други истражувачи. Но кај повеќето од овие методи потребни се повеќе снимања, повторувани зрачења или употреба на ласери. Сето ова ги зголемува трошоците, може да ја намали ефикасноста и да го зголеми ризикот од несакани ефекти, нагласуваат истражувачите од Универзитетот во Орегон.

Поддржете ја нашата работа: