Азија има прекрасна кујна, изонредни градби и архитектура, но и прекрасни природни убавини што вреди да се видат барем еднаш.
Кинеските планини во боите на винжитото
Шест планини во геолошкиот парк „Zhangye Danxia“ во Кина од 2010 година се наоѓаат на листата на светско наследство на Унеско. Тие се создале пред неколку милиони години како последица на поместување на тектонските плочи, а природата со тек на времето направила неверојатни глетки во боите на виножитото ( повеќе на енаука.мк –Планините виножито).
Највисокиот слатководен систем во Непал
На планината Гокио Ри (Gokyo Ri) во Непал, на 5.357 метри височина се наоѓаат шест леднички езера кои имаат тиркизна боја.Зафаќаат околу 10 киломери и се сметаат за највисок слатководен систем на светот.
„Чоколадните ридови“ на Филипините
Чоколадните ритчиња што се наоѓаат на островот Бохол на Филипините изгледаат како да се вештачки направени, како да не се дело на природата, туку резултат на некој неверојатен човечки потфат. На педесетина квадратни километри се наоѓаат околу 1.700 ритчиња. За време на сушниот период, од феврари до мај стануваат толку исушени од сонцето што добиваат боја на чоколадо, според која и го добиле своето име.
Камелеонските езера во Индонезија
Планината Калимуту на островот Флорес во Индонезија ја красат три кратерски езера кои ја менуваат бојата во склад со годишните времиња, временските услови и минералниот состав. Заради тоа геолозите им припишале камелеонски карактеристики, па никогаш не се знае како ќе изгледаат кога ќе стигнете до нив.
Монументалната пештера во Виетнам
Се смета дека Шондонг, што се наоѓа на гранивата помеѓу Виетнам и Лаос претставува најголемата пештера на светот. Долга е околу 6,5 километри, висока 200 метри, а широка 150 метри. Низ неа тече подземна река.
Водопадите на границата помеѓу Кина и Виетнам
Помеѓу САД и Канада се наоѓаат Нијагарните водопади, но не помалку имперсивни се и водопадите Так Бан Гиок, на границата помеѓу Кина и Виетнам. Опкружени се со фасцинантно зеленило и карпи, глетка што никогаш нема да ја заборавите.
Геотермалните извори во Јапонија
Љубителите на геотермалните извори секако би требало да го посетат северниот остров Хокаидо, или поточно долината „Jigoku-Dani“, каде ги има во голем број.