Секој ден се среќаваме со различни луѓе, но дали сте знаеле дека повеќе од 40 отсто од нив се срамежливи? – вели Бернардо Ј. Кардучи, професор по психологија од Универзитетот во Индијана. Можеби нивната срамежливост ја заменувате со нешто друго.
Срамежливоста не секогаш е очигледна, затоа морате особено да бидете внимателни да не кажете нешто што на лицето нема да му помогне и никако не смеете да се однесувате офанзивно. Еве неколку реченици кои морате да ги избегнувате доколку направите проценка дека вашиот соговорник е срамежлив.
Многу си тивок/а
Срамежливите луѓе имаат многу за кажување, еднаш откако ќе ги запознаете, но тоа можеби никогаш нема да го дознаете, доколку веднаш ги закочите со разговор. Разговорот со непознат на сите не им иде од рака. Спамежливата личност е како книга, откако ќе прочитате неколку поглавја, станува добра. Можеби на крајот ќе ви стане омилена.
Не си баш пријателски расположен/а
Срамежливите лица сакаат да бидат друштвени и да разговараат, но не знаат како. Срамежливоста и понатаму ги држи настрана од она што го сакаат. Доколку една личност во групата ви се чини непријателски расположена, можеби се работи за срамежливост и не знае како да се вклопи. Срамежливите подобро функционираат во разговор со само едно лице.
Разбираш ли што ти кажувам?
Срамежливите немаат проблем со разбирањето, затоа не судете пред време. Особено во големи групи, во клас, на предавање, срамежливите лица се преплашени. Можат да не се согласуваат со нешто, но не сакаат да се вплеткаат во разговор. Немојте никако да ги прозивате да кажат нешто, бидејќи таквата состојба може да се спореди со лошо расположение одека некој ве тера да се смеете и покажувате лажни емоции.
Гледај ме во очи
Срамежливите луѓе се борат за да остварат контакт со очи. Ако навистина мора да знаете зошто некој не ве гледа во очи прашајте го додека сте на само. Срамежливите ќе се чувствуваат посигурно ако објаснуваат само на еден човек, а не на цела група.
Зошто не зборуваш погласно?
Срамежливите не мислат дека зборуваат тивко. Во нивната глава гласот е со нормален волумен. Не барајте од некого да зборува погласно, освен ако навистина не можете да слушнете, а и тогаш побарајте љубезно и со молба.
Можеш да го започнеш разговорот!
Можеби мислите дека на вашиот пријател му е потребно само малку поттик за да започне разговор. Доколку барате од некој таков да започне разговор, може да се исфрустрира и тоа им создава дополнително чувство на неуспех. Она што би било корисно е да се обидете да ги запознаете, да им се приближите и да ги охрабрите, истакнувајќи нешто што е заедничко додека им го олесните првиот контакт.
Ќе го надминеш тоа!
Срамежливоста често почнува и нема да исчезне после неколку години. Таа ретко се надминува. За тоа треба време и доста напор, вели проф. Кардучи.