Според психијатарот д-р Дејвид Вил, две третини од пациентите со телесни дисморфични нарушувања имаат потреба да постираат селфи на социјалните сајтови.
Се користи когнитивна бихевиористичка терапија за да му се помогне на пациентот да го увиди сопственото компулсивно однесување, а потоа да научи да го контролира.
Дали е можно нешто навидум безопасно како фотографија да предизвикува ментална болест, зависност, нарцисоидност и самоубиство? Многу психолози велат „да“ и ги предупредуваат родителите да обрнат поголемо внимание на она што децата го прават онлајн, за да се избегнат трагедии.
Имено, британски тинејџер се обиде да изврши самоубиство, откако тој не успеал да направи совршено селфи. Дани Бауман станал толку опседнат и поминувал по 10 часа во денот, сликајќи по 200 селфиња. 19-годишникот изгубил речиси 30 килограми, се откажал од школувањето и не ја напуштил куќата шест месеци во неговата потрага по вистинска слика. Фрустриран од безуспешните обиди, Бауман на крајот се обидел да си го одземе животот, но за среќа бил спасен од неговата мајка.
Тинејџерот е прв познат зависник од селфи во Велика Британија. Во моментов е на терапија за зависност од технологија, како и ОЦД и телесно дисморфично нарушување.
Дел од неговиот третман вклучува одземање на неговиот „iPhone“ најпрво во интервали од 10 минути, па зголемување до 30 минути и на крајот еден час.
Здравствените работници во Велика Британија најавија дека зависноста од социјалните медиуми како што се „Фејсбук“ и „Твитер“ е болест и повеќе од 100 пациенти бараат третман секоја година.
Селфињата често ги предизвикуваат перцепциите на самоуживање или внимание, кои се дел од сеништето на нарцизмот или многу ниска самодоверба.
Голем проблем со подемот на дигиталниот нарцизам е огромниот притисок врз луѓето да се постигнат неизводливи цели. На крајот на краиштата, онлајн манифестациите на нарцизам може да се стратегија за компензирање на многу ниска и кревка самодоверба. Сепак, кога се засилени и наградени овие напори од страна на другите, тие ја зацврстуваат искривената реалност и доведуваат до консолидирање на нарцистички илузии.