Семето на иднината

Зошто се важни банките за семе?

Јас ги нарекувам осигурителна полиса за целиот свет. Без разновидноста на култивираните растенија, земјоделството нема да се прилагоди на климатските промени, а нема ни ние. Климатските промени се најголемиот предизвик со кој земјоделството некогаш се соочило, уште од Неолитот, кога всушност започнало. Ќе бидеме сведоци на промени во сезоните, сезони на растење кои нема да бидат усогласени со врнежите – се ќе биде исфрлено од колосек. Сметате дека скорешните суши во Средниот Запад и Калифорнија беа лоши, но уште повеќе доаѓаат, и ситуацијата само ќе се влошува.

Како овие промени ќе влијаат на глобалниот синџир на исхрана?

Климатските проблеми најлошо ќе влијаат на луѓето во Африка и јужна Азија. Ако премотате 20 години понапред, климата која ќе ја имаат нема дури ни да се преклопува со сегашната. Во некои места најстудените температури ќе бидат потопли од сегашните најтопли. Па запрашајте се, колку денешните култивирани растенија се адаптирани за целосно различна клима? Ако за 20 години ја имаме истата разновидност на растенија, ќе имаме драматично намалување на производството на растенијата што ќе доведе до глад и повисоки цени на храната за сите нас.

Дали е доволно само да чуваме семе во банките за семе?

Не, исто така треба да знаеме што имаме таму. Да користиме аналогија, што би можело да се случи на пр. во библиотеките, но ние се’ уште немаме каталог за видовите на својства кои ќе ни бидат потребни во иднина. Во моментов, ниедна банка за семе не е опремена за снимање на семињата и обезбедување на добар одговор на земјоделците на кои им се потребни нови видови на растенија кои ќе се адаптираат на климатските промени. Ако на пр. се појави нова болест, а отпорноста на таа болест не се појави меѓу растенијата кои се веќе во вашето поле, ќе ви пропадне бизнисот или ќе гладувате.

Што е потребно за да се зголеми нашата подготвеност?

Националните банки за семе низ светот треба да сфатат кои својства на растенијата ќе бидат потребни во иднина и да ги распределат соодветните семиња. Треба да им ги дадат овие семиња на земјоделците и да ги овластат да бидат одгледувачите и развивачите на тие нови својства. Ова им е особено потребно на недоволно развиените земји бидејќи тие немаат големи одржливи сектори за истражување. Земјоделците ќе го направат тоа, тие сакаат да експериментираат, да пробуваат нешто ново.

Вие се залагате за стекнување на знаење за дивите роднини на прехранбените култури. Зошто?

Земете го на пример дивиот морков. Ако го откорнете ќе видите и ќе помирисате морков. Па, погледнете околу патиштата, дивиот морков е всушност цврста трева, не можете да се осободите од неа. Размислете за својствата кои тоа растение ги има и колку тие би биле значајни за светот во кој климата се менува. Има стотици диви роднини на домашните култури и сакаме да ги додадеме во генскиот фонд, но се’ уште не сме стигнале до тоа.

Дали сте песимист?

Јасно е дека не сме подготвени. Но, би можеле да бидеме. Знаеме дека катастрофата доаѓа. И ако се мобилизираме сега, имаме капацитет за да ги спречиме уште полошите ефекти.

Интервјуто е објавено во списанието „New Scientist“, издание 6 јануари 2015 г.

 

Поддржете ја нашата работа: